Манчестер Сити ја заврши една од најголемите зделки во историјата на англискиот фудбал. Енцо Фернандес го напушта Челси за „Итихад“, откако двата клуба постигнаа договор вреден повеќе од 125 милиони фунти, или речиси 170 милиони евра, објавува познатиот Фабрицио Романо.
Челси претходно одби понуда од 120 милиони фунти, но Сити продолжи со преговорите и на крајот доби зелено светло од лондонскиот клуб. Аргентинецот од самиот почеток инсистираше на преселба во Манчестер, а сега чека медицински прегледи и потпис на договорот.
🚨💣 BREAKING: Enzo Fernández to Manchester City, HERE WE GO! 🇦🇷
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 1, 2026
Deal in place for fee over £125m after a long negotiation as Chelsea approved the sale.
Enzo only wanted Manchester City and he’s now set for medical at #MCFC. pic.twitter.com/R8rGpD24rc
Фернандес на тој начин повторно ќе соработува со Енцо Мареска, кој го тренираше во Челси и го идентификуваше како една од главните желби за понатамошно зајакнување на средниот ред. Преговорите меѓу двата клуба се интензивираа на последниот ден од преодниот рок, но Челси бараше сума поголема од првично понудените 120 милиони фунти.
Челси го донесе Фернандес од Бенфика на почетокот на 2023 година за тогаш рекордни 106,8 милиони фунти, а светскиот шампион со Аргентина од Катар 2022 сега повторно ќе ги помести границите на пазарот, бидејќи конечната вредност на трансферот треба да го надмине британскиот рекорд од 125 милиони фунти кога Ливерпул го купи Александер Исак од Њукасл.