Скандал: Прекинат едноминутниот молк во чест на Жота

Ливерпул го одигра својот прв официјален натпревар во новата сезона на Вембли вчера, и претрпе пораз во борбата за трофејот од Комјунити Шилд, натпреварување во кое играат шампионот на Премиер лигата и победникот на ФА Купот. Ливерпул ги вкрсти копјата на Вембли со Кристал Палас, кој ги победи со подобро изведување пенали откако резултатот во регуларното време беше 2:2.

Спектаклот на Вембли беше нарушен и од скандалозното однесување на група навивачи, кои го расипаа оддавањето почит на неодамна починатиот фудбалер на „Црвените“, Диогу Жота.

Судијата Крис Кавана беше принуден да го прекине оддавањето почит со минута молчење откако бучавата од делот за навивачи на Кристал Палас на трибините предизвика гнев и остри реакции од остатокот од стадионот.

Капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, исто така го критикуваше таквото однесување.

„Да, разочаран сум. Тоа е сè што можам да кажам. Имаше многу луѓе кои се обидоа да ги смират, но секако тоа не помага. Така е. Не можете да контролирате толку многу луѓе колку што имаше тука. 80.000? Значи, да, разочарувачки е да се слушне тоа, но ако тие луѓе си одат дома и се чувствуваат добро во себе...“ рече Ван Дајк.

Од друга страна, менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше малку порезервиран во критиките кон групата неодговорни навивачи.

„Не мислам дека беше планирано. Можеби еден навивач не бил свесен за минутата молчење и навивал за својот тим, а потоа навивачите на Палас се обиделе да го смират, а нашите навивачи реагирале“, рече Слот.

„Не мислам дека имале лоши намери. Јас сум позитивна личност. Ја гледам почитта што им се покажува на Диогу и Андрес низ целиот свет“, додаде Холанѓанецот.

За потсетување, Диогу Жота загина во сообраќајна несреќа на почетокот на јули во северна Шпанија, заедно со неговиот брат Андре.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе