Пред синоќешниот натпревар од 5. коло на Ла Лига меѓу Елче и Реал Мадрид (2:3), се случи инцидент за кој зборуваше цела Шпанија. Додека играчите од двата тима излегуваа на теренот носејќи маици за поддршка на Сеута, тројца играчи на Реал Мадрид – Винисиус, Килјан Мбапе и Ибрахима Конате – одлучија да не учествуваат во овој гест, пренесува Marca. Нивниот потег веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
На интернет се појавија снимки од тунелот, а корисниците на платформата X забележуваат дека се гледа како Винисиус му дава инструкции на Мбапе што да прави со маицата. На предната страна беше испишан слоганот „Сите сме скуши“ – прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија – додека на задната страна едноставно пишуваше „Сеута“.
This was the moment Vinicius told Mbappé how to put on the t-shirt supporting Ceuta in such a way that the text “We are all Ceuta” wouldn’t be visible
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 15, 2026
Vinicius, Mbappé & Konaté made it clear tonight that they don’t support Spain. They support the invaders pic.twitter.com/QmE0rQXJsj
Иако ги зедоа маиците во тунелот пред да излезат, тројцата фудбалери не ги облекоа целосно. Конате само ја држеше маицата в раце, додека Мбапе и Винисиус ги облекоа своите така што едвај го откриваа слоганот „Сите сме скуши“.
Додека се ракуваа со играчите на Елче, тројката од Реал Мадрид целосно ги соблече белите маици, останувајќи во зелените дресови за гостински натпревари на Реал Мадрид – детаљ што не им побегна на камерите ниту на гледачите, особено затоа што сите останати играчи на Реал Мадрид и Елче продолжија да ги носат маиците.
👉 Vinicius, Mbappé y Konaté no enseñan el mensaje de ánimo a Ceuta.
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 15, 2026
👉 Ambos futbolistas se colocaron mal la camiseta sin que se vea el 'Todos somos Caballas'. pic.twitter.com/XkrhUDS8XQ
Маиците беа со слоган со кој се изразуваше солидарност со автономниот град Сеута – шпанска енклава во Африка – по масовната инвазија на мигранти од соседно Мароко кон крајот на јули. По насилниот влез на десетици илјади мигранти во Сеута, во градот настана хаос, проследен со низа инциденти, меѓу кои најзабележителни беа сексуалните напади.
Интересно е што Реал на својата официјална веб-страница објави дека „пред почетокот на натпреварот, играчите од двата тима излегоа на теренот носејќи маици со слоганот 'Сите сме скуши' во знак на солидарност со Сеута“, без да спомене какви било исклучоци. Сепак, како што пренесе El Mundo, клубот соопшти дека ги почитува одлуките на своите играчи бидејќи во соблекувалната постојат „различни мислења, сензибилитети и гледишта за реалноста“.
Иницијативата беше покрената од Елче и прифатена од Реал, иако клубот не сакаше да врши притисок врз играчите. Иронично, Сеута е родното место на Хосе Мартинес „Пири“, почесниот претседател на Реал Мадрид.
Оваа кампања за поддршка беше покрената од Здружението на претприемачи од Валенсија (AVE), кое ја предложи до клубовите во регионот. Ла Лига одобри носење на маиците за време на неколку натпревари: Леванте против Барселона, Виљареал против Бетис и Елче против Реал. На крајот, Барселона беше единствениот тим што не учествуваше во иницијативата.
Ова не е првпат да се искажува поддршка за Сеута. За време на неодамнешниот натпревар против Интер, навивачката група Grada Fans од јужната трибина на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ разви голем мозаик составен од знамиња на Сеута.
Неколку часа претходно, Реал ги демантираше гласините дека забранил вакви изрази на поддршка. Слична контроверзија се случи неодамна кога крилниот играч на Бетис, Ез Абде, се најде на удар на критики од мароканската јавност поради носењето маица со која се изразуваше поддршка за автономниот град.