Иако Манчестер Сити доживеа генерациска смена во последните години, заминувањето на Пеп Гвардиола од менаџерската позиција ќе предизвика дополнителни големи промени.
Гвардиола соопшти дека ќе ги напушти „Граѓаните“ на крајот од сезоната, а пет играчи исто така ќе го напуштат тимот, според Transfermarkt.
Хрватскиот интернационалец Јошко Гвардиол исто така е на излезна врата, по долг период на опоравување од повреда, по што неодамна се врати на теренот.
Гвардиол веќе се поврзува со Реал Мадрид и се поизвесно е дека ќе ја продолжи кариерата таму, а Тиџани Рејндерс, Омар Мармуш, Фил Фоден и Џејмс Трафорд се исто така на работ да го напуштат „Етихад“.
Рајндерс во моментов е најблиску до Јувентус, Мармуш до Барселона, а Баерн Минхен е заинтересиран за Фоден.
Најмалку важно заминување би било она на Трафорд, бидејќи тој е резервен голман, а е цел на Брајтон.
За потсетување, Сити веќе постигна договор со Енцо Мареско да стане наследник на Гвардиола, и очигледно е дека ова ќе донесе огромни промени во овој клуб кој доминираше во англискиот фудбал во последните петнаесет години.