Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување од Македонија доколку ФФМ не ја повлече одлуката

Филип Здравески
/ 05.06.2026 / 10:06

По неодамнешната одлука на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) против Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа „скандалозна“ одлука итно да се преиспита и корегира.

ФФМ драконски ја казни Шкендија за исвиркувањето на државната химна пред финалето од Купот на Македонија кое тетовскиот клуб го загуби со 1:0 од Силекс, како и за тоа што тимот не се појави на церемонијата за доделкување на медалите. Вкупната парична казна гласи 105 илјади евра плус исфрлање од Куп натпреварувањето за следната натпреварувачка сезона 2026/2027.

„Шкендија е меѓу ретките клубови кои работеле со сериозност, коректност и целосно почитување на спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините имаше големи трошоци, напори и жртви. Покрај тоа, Шкендија е клубот кој, со своите достоинствени настапи во Европа, го зголеми коефициентот на лигата, од кој имаат корист сите локални клубови и благодарение на што, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови.

Затоа, неприфатливо е одлуките донесени на маса да му штетат на сериозен проект и да го наградуваат овој придонес со намерен удар. Овој пристап нè наведува и да ја разгледаме опцијата за повлекување од клубот/фудбалот во Северна Македонија. Доколку ФФМ не ја повлече оваа одлука, тогаш ние како спонзор сериозно ќе размислиме за понатамошно продолжување, бидејќи оваа одлука ги крши правата и политиките на клубот“, стои во соопштението на Шкендија.

Оттаму додаваат дека очекуваат органите на ФФМ итно да размислат, во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто.

Шкендија сезонава заврши на второто место во првата лига, како и во купот, а во европските натпреварувања имаше оддлична авантура стигнувајќи до плејоф фазата на Конференциската лига откако претходно ја мина лигашката фаза.

Спонзор на Шкендија е компанијата Ecolog на Назиф Дестани, а со седиште во Дубаи.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Фудбал

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Read more

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Read more

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Read more

Спорт

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Читај повеќе

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Читај повеќе

ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар од новата сезона

Читај повеќе

Пронајдено шишето на Пикфорд со белешки за пенали, реакцијата на Меси станува хит

Читај повеќе

Не можеше без политика: Дали ФИФА ќе ги казни Аргентинците за забранетиот транспарент?

Читај повеќе