Извршниот комитет на УЕФА денеска ги именуваше домаќините за финалето на своите натпреварувања во 2027 година, како и местото на одржување на Суперкупот на УЕФА во 2026 година.
Градовите домаќини и стадионите за финалето на клупските натпреварувања на УЕФА во 2027 година се исто така одредени.
Финалето на Лигата на шампионите му е доделено на шпанскиот главен град Мадрид, а домаќин ќе биде „Метрополитано“, стадионот на Атлетико, кој има капацитет од 70.692.
Датумот е веќе одреден – финалето е закажано за сабота, 5 јуни 2027 година.
Ова е втор пат „Метрополитано“ да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите, а домашниот терен на Атлетико веќе беше домаќин на финалистите од елитното натпреварување во 2019 година. Во тој натпревар, Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0. Атлетико официјално го отвори новиот стадион во 2017 година.
Ова ќе биде шесто финале во Мадрид, а Лондон е единствениот друг град кој бил домаќин на финалето на Лигата на шампионите повеќе пати. Стадионот „Сантјаго Бернабеу“ бил домаќин на финалињата во 1957, 1969, 1980 и 2010 година.
Финалето оваа сезона ќе се игра на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта во сабота, 30 мај 2026.
Финалето на Лигата на шампионите за жени ќе се одржи во Варшава на стадионот „Народови“, кој е со капацитет од 56.826.
Овогодинешниот Суперкуп на УЕФА ќе се игра на „Ред Бул Арена“ во Салцбург, Австрија, објави УЕФА денеска. Овојј стадион е со капацитет од 29.520 гледачи.