Фудбалерите на Белгија го победија Велс со 4:2 синоќа во Кардиф, но највозбудливиот момент од натпреварот се случи во 66. минута кога судијата Даниел Зиберт го прекина натпреварот поради влегување на стаорец на теренот.
Гледачите на стадионот го забележаа тоа штом влезе на теренот, а вистинската претстава се создаде кога голманот на Белгија, Тибо Куртоа, се обиде да го фати.
Бидејќи носеше ракавици, Куртоа трчаше по теренот по стаорецот и се обиде да го фати, а воодушевената публика почна да навива за глодарот.
Иако беше блиску во неколку наврати, Куртоа не успеа да го фати, а стаорецот го помина целиот терен пред домашниот напаѓач Бренан Џонсон да успее да го избрка.
Rat vs Courtouis, Rat wins 😂🐀 #wales #belgium #football #ratgate pic.twitter.com/coVfl2OpXP
— Beth Fisher (@BethFisherSport) October 13, 2025
Инаку, Белгија со победата од 4:2 и киксот на Македонија, која одигра само 1:1 против Казахстан во Скопјe, се проби на првото место во групата и сега има бод повеќе и натпревар помалку од Македонците, и е на добар пат да се пласира на Светското првенство.