Дефанзивецот на Челси, Ливај Колвил, претрпе повреда на предните вкрстени лигаменти, потврди клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Човекот кој минатата сезона се етаблираше како најстандарден стопер на „Сините“ и столб во походот кон трофејот во Конференциската лига, сега ќе мора да направи долга пауза.
Колвил се повредил на првиот тренинг во понеделникот, а вчера бил опериран.
Предвидувањата велат дека тој би можел да биде надвор од терените помеѓу 6 и 12 месеци, во зависност од брзината на закрепнувањето.
Менаџерот Енцо Мареска ги има на располагање Весли Фофана, Тревор Чалоба, Аксел Дисаси, Беноа Бадиашил, Тосин Адарабиојо и Арон Анселмино.
Тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ја започне новата сезона во Премиер лигата на 17 август, кога ќе го пречека Кристал Палас.