Суарес повторно гризна, но овој пат соиграч

Легендарниот уругвајски фудбалер Луис Суарес е познат по тоа што во текот на кариерата ги гризеше своите ривали на теренот, а два од најпознатите инциденти беа кога ги гризна Џорџо Кјелини и Бранислав Ивановиќ.

Суарес синоќа имаше уште еден таков момент, а овој пат го гризна, верувале или не, сопствениот соиграч од тимот на Интер Мајами.

Во еден момент на теренот летаа искри меѓу играчите на Интер и Лос Анџелес, а тоа не можеше да се случи без Суарес во центарот на настаните.

Суарес се мачеше со противничките играчи, а од левата страна беше соиграчот Жорди Алба, кому Уругваецот во еден момент му ја гризна тупаницата.

Суарес очигледно мислел дека се работи за тупаница на противнички играч, која била многу блиску до неговата глава, а неговата реакција кога сфатил дека го гризе својот долгогодишен пријател и легенда на Барселона брзо стана хит.

Алба претходно се жалеше на повреда, а по контактот со Суарес падна на теренот од болки.

На крајот, натпреварот од Купот на шампионите на КОНКАКАФ заврши со 3:1 во корист на Интер Мајами, кој со тоа се пласираше во полуфиналето на ова натпреварување. Двоен стрелец беше Лионел Меси, а еден гол постигна Редондо Солари. Лонг беше единствениот стрелец за Лос Анџелес.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Додик по обидот да биде уапсен: Србите нема да одат во војна - но вие обидете се

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Фудбал

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Read more

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Read more

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Read more

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Read more
 

Спорт

Јокиќ остана со празни раце

Читај повеќе

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Читај повеќе

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Читај повеќе

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Читај повеќе

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Читај повеќе

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Читај повеќе

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Читај повеќе

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе