КОПА ДЕЈ РЕЈ 2024/2025

Телевизијата на Реал пред финалето со Барса удри по судијата Бенгоечеа

Макфакс/Кајгана
/ 25.04.2025 / 15:58

Реал Мадрид започна „специјална војна“ во пресрет на утрешното финале во Копа дел Реј. Реал за трофејот на „Ла Картуха“ стадионот во Севиља ќе го има најголемиот ривал, Барселона.

На клупската телевизија на Реал се појави видео клип во траење од околу 3 и пол минути, во кој беше нападнат угледот на главниот судија делегиран за утрешното финале, Рикардо де Бургос Бенгоечеа.

Во видеото се анаизираат ситуации од минатото кога гореспоменатиот судија ја делел правдата на натпреварите на „Лос Бланкос“. Во коментарот се потенцира дека Бенгоечеа секогаш судел против Реал.

„Тој е човек на кого ФИФА и УЕФА никогаш сериозно не сметале. Но, во Шпанија, да. Надвор од нашата земја, тој е неважен судија, но и покрај ова, тој ќе ни суди трет пат во финалните натпревари против Барселона, по Суперкуповите во 2017 и 2023 година“, објаснува видеото.

Клипот продолжува со споредување на процентите на победи на Реал Мадрид и Барселона кога суди Бенгоечеа. Реал има забележано 64%, а Барселона 81% од победите во натпреварите што ги судел баскискиот судија, а во видеото се споменува и дека Бенгоечеа е „човекот што ја работи работата“ на Луис Медина Канталехо и Карлос Клос Гомес, моменталните шефови на судиите во Шпанија.

Во видеото се дискутира и за ситуацијата од последното Мадрилењо во првенството и пеналот досуден за Атлетико.

„Неверојатно е што процени во таа акција. Само двапати ги погледна снимките од ВАР, и тоа од агли од кои не може јасно да се види што се случило. Така изгубивме два бода.“

Од Реал потсетуваат дека Бенгоечеа не го санкционирал играчот на Еспањол кога му удрил шамар на Фран Гарсиа, како и дека на средбата од минатата сезона помеѓу Хетафе и Реал „не досуди два чисти пенали по прекршоците врз Винисиус и Брахим Диас, ниту пак ги исклучи играчите на Хетафе од игра по острите стартови“.

Клипот заврши со контроверзни ситуации од натпреварот Севиља - Реал, кога Рикардо де Бургос на Реал му поништи два гола во рок од 9 минути, првиот на Џуд Белингам поради офсајд, а „потоа го запре контранападот кога му рече на Лукас Окампос да стане. Исто така не досуди пенал по стартот на Хесус Навас над Винисиус кон крајот на првото полувреме“, се жалат од Реал.

реклама

Фудбал

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Read more
 

Спорт

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе