Тоти на 48 години покажа зошто е легенда

Франческо Тоти (48), легендата на Рома и една од најголемите ѕвезди во историјата на Серија А, повторно ги воодушеви фудбалските фанови со мајсторски погодок на егзибицискиот натпревар на легендите во Парма. Настанот, организиран од Operazione Nostalgia, се одржа на стадионот Тардини и привлече бројни познати имиња од светскиот фудбал.

Во тимот Сомбреро настапија фудбалери како Адријано, Џанфранко Зола, Хавиер Занети, Дино Баџо и Себастијан Фрај, додека за Рабона играа Верон, Алдаир, Панучи, Фиоре, Вентола и самиот Тоти. Натпреварот заврши со спектакуларен резултат 7:7, но токму голот на Тоти беше моментот што го одбележа дуелот.

Тоти ја прими топката во центарот на теренот, забележа дека голманот е излезен од својот гол и со прецизен лоб удар од далечина го совлада Фрај, кој остана немоќен. Публиката на Тардини се крена на нозе и со овации го поздрави мајсторството на Тоти, а видеото од неговиот погодок од центарот експресно стана вирално на социјалните мрежи.

Италијанските медиуми го опишаа голот како „спектакуларен лоб од центарот на теренот, со кој Тоти го изненади голманот кој беше надвор од линијата“, додека англиските извори го истакнуваат како „мајсторски погодок што уште еднаш ја потврди класата на иконата на Рома, дури и на 48 години“.

Овој настан уште еднаш потврди дека фудбалската магија на Тоти не избледува со годините, а неговата креативност и техника остануваат инспирација за љубителите на спортот ширум светот.

реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Фудбал

Селекторот на Португалија се огласи по обвинувањата на Роналдо

Read more

И покрај низата порази: Македонија падна само две места на ранг-листата на ФИФА

Read more

Невообичаена сцена на прошталниот меч на Меси: Судијата му ги подари картоните за спомен

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

Спорт

Селекторот на Португалија се огласи по обвинувањата на Роналдо

Читај повеќе

И покрај низата порази: Македонија падна само две места на ранг-листата на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

Невообичаена сцена на прошталниот меч на Меси: Судијата му ги подари картоните за спомен

Читај повеќе

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе