Треневски: За Партизан пешки би дошол до Белград

Макфакс/Кајгана
/ 04.11.2025 / 16:43

Црногорските медиуми вчера објавија дека поранешниот репрезентативец на Македонија, Виктор Треневски, ќе биде тренер на Партизан. Црно-белиот клуб во неделата му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ, по елиминацијата во Купот од второлигашот Мачва и дебаклот во првенството од Чукарички.

Треневски моментално е тренер на третолигашот Балкан Иглс од Црна Гора, инаку е поранешен играч на Партизан помеѓу 1995 и 1998 година со кој освои две шампионски титули и куп.

„За мене, како и за повеќето, ова е добра вест што ја прочитав, но за жал останува само тоа, бидејќи немаше контакт со луѓето од Партизан“, рече Виктор Треневски за Спортски Журнал.

Доколку во наредните денови добиете покана, дали би ја прифатиле?

„Тоа би ми било голема чест. Би им рекол на луѓето од Партизан да ми дадат два дена, бидејќи би пешачел до Белград. Кога станува збор за мојот сакан клуб, ништо не би ми било тешко. Со едни бебиња играв во Хумска и верувајте ми, би сакал да работам со овие бебиња, бидејќи мислам дека имаат голем квалитет. Се надевам дека ќе пораснат со мене“, рече Треневски.

Досега Треневски беше тренер на Партизан Бар, Грбаљ, Драва, Ком, Дечиќ, Работнички и Заврч, додека моментално е главен тренер на Балкан Иглс, тим кој се натпреварува во третото ниво на црногорскиот фудбал.

За репрезентацијата на Македонија одигра 17 натпревари без постигнат гол.

реклама

Сатурн влегува во Овен: На 14 февруари за три хороскопски знаци почнува моќна ера

Read more

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more

Затишје пред бура: Цените на половните автомобили пред драматична промена

Read more

Идеја за ручек: Карбонара на балкански начин

Read more

Фудбал

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Read more

Модриќ стана третиот најстар стрелец во Серија А

Read more

В недела по 101-ви пат Работнички и Вардар ќе го одиграат скопското дерби

Read more

Познат распоредот за Лигата на нации: Македонија отвора против Швајцарија дома

Read more
 

Спорт

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Обожавателите се возбудени: Мекгрегор сериозно тренира, чека покана за настанот во Белата куќа

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ стана третиот најстар стрелец во Серија А

Читај повеќе

В недела по 101-ви пат Работнички и Вардар ќе го одиграат скопското дерби

Читај повеќе

Познат распоредот за Лигата на нации: Македонија отвора против Швајцарија дома

Читај повеќе

Стадионот на Тотенхем се претвора во боксерски ринг: Фјури се враќа од пензија

Читај повеќе

Седлоски: Во Лигата на нации ќе го наметнеме нашиот стил на игра

Читај повеќе

Чеферин прогласи победа над Суперлигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн стана најстар играч во историјата што постигнал трипл-дабл

Читај повеќе