Европската фудбалска унија го казни Фенербахче со 10 милиони евра за низа манипулации и неправилности во финансиското работење.
Комисијата на УЕФА, која се занимава со спроведување на правилата за финансиска одржливост и го контролира балансот помеѓу приходите и расходите на клубовите на ниво на контрола на платите, трансферите и надоместоците на менаџерите, нотирала бројни неправилности во работата на Фенербахче.
Сомнителни детали биле забележани во договорите на Жозе Мурињо, Керем Актурколу, Милан Шкриниар и Џиегу Карлус, а особено биле испитани договорите на Мурињо и Актурколу.
Ревизијата покажала дека клубот се обидува да направи измама во извештајот за трансферот и платата на турскиот репрезентативец кој пристигна од Бенфика минатото лето.
Актурколу во Фенербахче се пресели за сума од 22,5 милиони евра. На годишно ниво заработува 5,2 милиони евра, но овие бројки не биле прикажани во извештаите на клубот.
Фенербахче се послужил со измама за да го доведе. На средина од сезоната се покажа дека договорот што клубот го испратил до Фудбалската федерација на Турција бил чиста манипулација. Во тој договор пишува дека Актурколу игра за Фенербахче за плата од 1.907 лири месечно (35 евра), што е законскиот минимум во турскиот фудбал.
Прво, истражувачките медиуми во Турција почнаа да се занимаваат со оваа тема, а потоа реагираше и УЕФА.
Била извршена инспекција, побарана дополнителна документација и официјални записи за неговите плати. За време на постапката, на Фенербахче му била дадена можност да презентира одбрана, што од клубот и го направиле, но не убедиле никого дека правилата за ограничувања на трошењето на платите на играчите не се прекршени. Како дел од одбраната што ја презентираше Фенербахче, бизнисменот Хакан Сафи изјави дека тој бил спонзор за доведување на играчите:
„Ќе ги покријам трошоците за маркетиншките права за имиџот и работата на Керем Актурколу, како и менаџерските провизии, за кои ќе платам вкупно 35 милиони евра во следните четири години. Нека тоа биде мојот подарок за Фенербахче“, изјави тој.
Сафи е еден од најбогатите луѓе во Турција и е поранешен член на Управниот одбор на клубот.
Документацијата покажа дека клубот го регистрирал Актурколу за годишна плата од 420 евра, а дека вистинската сума била протната низ документите како „маркетиншки права на имиџот и делото“ платени од Сафа, за што се плаќа помалку данок.
Според правилата, за плата од 5,2 милиони евра, Фенербахче би требало да издвои 7 милиони покрај даноците, но документацијата тоа никаде не го покажува.
Парите за кои Фенербахче всушност ја оштетил државата сега ќе се слеат во касата на УЕФА во форма на казна.