УЕФА го одобри стадионот во Битола - Македонија таму ќе игра против Италија

Филип Здравески
/ 28.08.2025 / 11:44

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, порано познат како „Под Тумбе Кафе“, доби официјална потврда од УЕФА и на 9 септември ќе биде домаќин на квалификацискиот натпревар за У21 Европското првенство, во кој репрезентацијата на Македонија ќе се соочи со Италија, соопшти ФФМ.

Фото: ФФМ

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со Општина Битола во период од речиси 40-ина денови реализираше инвестиција вредна околу 150.000 евра, со што стадионот доби значителни подобрувања и современ изглед“, објави ФФМ.

Поставени се нови столчиња на Јужната трибина, целосно е обновена и обложена тартан патеката (просторот меѓу теренот и трибините), службените простории и медиа делот се целосно опремени со мебел и потребен инвентар, набавени се нови клупи за резервни фудбалери, уреден е ВИП просторот, а стадионот доби и донација од ФФМ на современ ЛЕД семафор.

Дополнително, теренот е обновен со механизација и лица ангажирани од федерацијата, со што е обезбедена максимална подготвеност за претстојниот натпревар.

Фото: ФФМ

Со вложувањата и направените интервенции стадионот „Петар Милошевски“ ги исполнува европските стандарди и станува домаќин на натпревари од високо ниво. Ова претставува значаен чекор за развојот на инфраструктура и за афирмација на фудбалот во Битола и регионот.

„Успехот во Битола е пример за сите. Благодарение на посветената работа со градоначалникот Коњановски и неговиот тим во општината, за кратко време го доведовме стадионот ‘Петар Милошевски’ до нови стандарди, што УЕФА и самата го потврди. Ова претставува најдобар доказ дека кога заеднички се работи, резултатите се гледаат. Следна наша фаза е да го поддржиме процесот на реконструкцијата на Градскиот стадион во Тетово, со што продолжуваме да ја исполнуваме нашата стратегија за подобрување на фудбалската инфраструктура низ целата држава“, рече Масар Омерагиќ, претседателот на ФФМ, кој уште кога ја презеде новата функција вети подобрување на условите и враќање на фудбалот во Битола, денес е реалност и силна потврда дека македонскиот фудбал се движи во вистинска насока.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Фудбал

Барса ја одби првата понуда на ПСЖ за Феран Торес вредна 50 милиони евра

Read more

Камбек на една од најголемите икони на англискиот фудбал

Read more

Ерлинг Халанд на јахта стана туристичка атракција

Read more

Голема фрустрираност во Милан: Мeњан и Рабјо си го продолжиле одморот пред почетокот на Серија А

Read more

Спорт

Барса ја одби првата понуда на ПСЖ за Феран Торес вредна 50 милиони евра

Читај повеќе

Камбек на една од најголемите икони на англискиот фудбал

Читај повеќе
  • play_arrow

Ерлинг Халанд на јахта стана туристичка атракција

Читај повеќе

Голема фрустрираност во Милан: Мeњан и Рабјо си го продолжиле одморот пред почетокот на Серија А

Читај повеќе

Здружена офанзива против Инфантино и ФИФА: Чиј е фудбалот?

Читај повеќе

Џеф Безос купува голем дел од Ливерпул

Читај повеќе

Вардар се раздели со аргентинскиот тренер

Читај повеќе

Премиер лигата е бисер за економијата: Носи 33 милијарди фунти и 107.000 работни места

Читај повеќе

Шокантна одлука: Пеп решил да се пензионира!?

Читај повеќе