УЕФА ѝ го додели на Србија финалето на Лига Европа 2029, Вучиќ пресреќен

Србија ќе биде домаќин на финалето од Лига Европа во 2029 година, објави УЕФА.

УЕФА денеска донесе одлуки за организаторите на финалињата од европските купови за 2028 и 2029 година, а за нашиот северен сосед најзначајно е што финалето на Лига Европа ќе се игра на новиот Национален стадион во Белград, кој е во завршна фаза на изградба. Тоа ќе биде голем настан за регионот во мај 2029 година.

Зад успешната кандидатура стои повеќемесечната посветена работа на тимот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), кој ја водеше подготовката на кандидатурата, ја координираше соработката со УЕФА и партнерите и работеше на обемната документација потребна за организација на настан од ваков значаен карактер. Експертизата, посветеноста и упорноста на сите што учествуваа во процесот ѝ овозможија на соседна Србија да презентира сериозна, сеопфатна и висококвалитетна кандидатура до УЕФА.

„Силната поддршка од државните институции беше особено важна. ФСС сака да изрази благодарност до Владата на Република Србија, Министерството за финансии и Министерството за спорт, кои ја собраа и координираа работата на другите министерства и државни институции вклучени во подготовката на кандидатурата и обезбедувањето на потребните гаранции. Важна улога во целиот процес одигра и проектниот тим за Националниот стадион, кој го сочинуваат Дирекцијата за градежништво на Србија, чија соработка и експертски придонес беа од големо значење во подготовката на кандидатурата“, наведува ФСС.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не го криеше задоволството и среќата што УЕФА ја прифати кандидатурата на ФСС и, пред сè, што има доверба во Србија.

„Експо во 2027 година, а големи вести за Србија во 2029 година: го обезбедивме финалето на Лига Европа на УЕФА. Финалето на Лига Европа ќе се игра на Националниот стадион во Сурчин, и им честитам на сите граѓани на Србија, му честитам на Белград и им честитам на сите наши навивачи. Ова е исто така можност за нашите клубови да се обидат да стигнат до самите завршни фази на Лига Европа таа година – натпреварување кое, по финалето на Лигата на шампионите, е најпрестижното на Стариот континент. Успеавме; УЕФА и сите останати веруваат во нас и знаат дека ќе го завршиме стадионот. Многу сум среќен; Србија продолжува да победува“, истакна Вучиќ.

Треба да се каже дека Белград по втор пат ќе биде организатор на европско финале. На 30 мај 1973 година, сега далечно, на стадионот „Маракана“, пред 89.484 гледачи и со најдобриот југословенски судија во тоа време, Миливоје Гугуловиќ, кој го судеше, се одигра финалето на Купот на шампионите во кое Ајакс го победи Јувентус со 1:0 и го освои најважниот клупски трофеј.

УЕФА одлучи финалето на Лигата на шампионите во 2028 година да се игра во Минхен на „Алианц Арена“, а една година подоцна во Барселона на „Камп Ноу“. Една година пред Белград, „Арена Национала“ во Букурешт ќе биде домаќин на финалистите од Лига Европа.

Финалето на Конференциската лига ќе се одржи на „Јувентус Арена“ во Торино (2028) и „Пушкаш Арена“ во Будимпешта (2029), а Суперкупот на УЕФА на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам (2028) и „Астана Арена“ во Астана, Казахстан (2029).

Финалето на Лига Европа во 2029 година во Белград е уште едно признание за земјите во регионот. Почна со УЕФА Суперкупот во 2017 во Скопје, во 2023 истиот меч се играше во Атина, во 2022 финалето на Конференциската лига се играше во Тирана, а она во 2024 во Атина.

реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Фудбал

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Read more

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Read more

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Read more

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Read more

Спорт

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Читај повеќе

Ужасни сцени дома го спречија голманот на Виљареал да игра против Наполи

Читај повеќе

Го одбиваа, сега го молат: Кој е дечкото што го „згази“ Интер? 

Читај повеќе
  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Читај повеќе