УЕФА испрати заканувачко писмо до сите членки: Нема играње надвор од границите!

Натпреварот од италијанската Серија А помеѓу Милан и Комо ќе се игра во Австралија, бидејќи стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде зафатен поради отворањето на Зимските олимписки игри 2026, а натпреварот од шпанската Ла Лига помеѓу Барселона и Виљареал ќе се игра во Мајами.

Ова навистина го налути претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Шефот на европскиот фудбал зборуваше на оваа тема пред повеќе од еден месец, а сега одлучи да го искаже својот став во официјална форма.

Како што објавија светските медиуми, Европската фудбалска унија е решена да се спротивстави на трендот на играње натпревари од националните првенства надвор од границите на земјата, поради што одлучи да заземе цврст став.

Имено, германскиот Bild објавува дека УЕФА напишала писмо и го испратила до сите 55 фудбалски федерации што работат под нејзино покровителство, предупредувајќи ги повеќе да не прават такви работи. Или, поточно, да не го прават тоа без претходна консултација со УЕФА.

„Ова е комплексно прашање кое може да има далекусежни последици и не се однесува само на гореспоменатите федерации. Со оглед на чувствителноста на ова прашање, ве молиме да не закажувате вакви натпревари без претходна консултација со УЕФА“, се вели, меѓу другото, во писмото на УЕФА.

Медиумите понатаму наведуваат дека ова прашање ќе биде подетално разгледано на следниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА, кој ќе се одржи на крајот од годинава.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Фудбал

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Read more

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Read more

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Read more

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Read more

Спорт

  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе