УЕФА му го украде евроголот на Елмас, го заведе како автогол!

Филип Здравески
/ 07.09.2025 / 22:12

Македонската репрезентација со петарда го совлада аутсајдерот Лихтенштајн, а Елиф Елмас постигна преубав гол дриблајќи неколкумина играчи, но УЕФА голот му го заведе како автогол на голманот.

Фото: ФФМ

Македонија тешко доаѓаше до шанса поради бункерот што го играше Лихтенштајн, па во 15-тата минута Елмас одлучи сам да се обиде да го пробие цврстиот бедем пред гостинскиот гол. Од десно дриблајќи еден по еден противнички играч влезе во шестнаесетникот каде продолжи со дриблинзите сѐ додека не дојде до голманот и упати удар тресејќи ја мрежата.

Голот на Елмас потсетува на слаломот на Горан Пандев против Јувентус од времето кога играше во Лацио. Но, иако голот беше пријавен како дело на Елмас, УЕФА потоа го промени во автогол на голманот Бенјамин Бихел. Точно е дека при шутот топката го погоди голманот в нога, но тоа е честа појава при голови и не се смета за автогол.

Во случајот на Елмас единствено логично објаснување е дека во УЕФА сметаат дека топката не одела в гол, па затоа допирот на голманот го менува правецот за да оди в гол и оттаму автогол.

Греота е ваков слалом на крајот да заврши без гол на Елмас, но последниот збор го има УЕФА. ФФМ има право да упати жалба за одлуката да биде сменета и Елмас да биде запишан како стрелец, а не како асистент како што е сега заведено.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by UEFA EURO (@uefaeuro)

Инаку, Македонија ја наполни мрежата на Лихтенштајн со голови во второто полувреме кога во листата на стрелци се запишаа и Енис Барди, Дарко Чурлинов, Лирим Ќамили и Лука Станковски.

Remote video URL
реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Фудбал

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Read more

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Read more

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Read more

Спорт

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Читај повеќе

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Читај повеќе

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Читај повеќе

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе