УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Макфакс/Кајгана
/ 06.12.2025 / 09:56

Дисциплинската комисија на УЕФА делумно ја прифати жалбата на Баерн и му ја намали казната на Колумбиецот Луис Диас.

Клубот од Минхен потврди дека Европската куќа на фудбалот одговорила на нивната жалба и му ја намалила казната на Луис Диас од три на два натпревара поради црвениот картон што го доби на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен (2:1) на 4 ноември во главниот град на Франција.

Колумбиецот беше исклучен на крајот од првото полувреме во Париз кога грубо стартуваше врз Ашраф Хакими. Судијата доби повик од ВАР собата, го погледна видеото и го исклучи Диас.

Во тој момент, Баерн водеше со 2:0 со головите токму на Луис Диас и до крајот на натпреварот успеа да ја зачува победата и покрај тоа што имаше еден играч помалку во преостанатите 45 минути.

28-годишникот веќе отслужи еден натпревар суспензија, го пропушти натпреварот против Арсенал (1:3) во Лондон, а нема да може да игра ниту во вторник, 9 декември, против лисабонски Спортинг во Минхен.

Откако пристигна од Ливерпул ова лето за 60 милиони евра (45+15), Луис Диас се покажа како одлично засилување за „Баварците“. Досега одигра 20 натпревари во сите натпреварувања и постигна 12 голови со 6 асистенции.

реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Фудбал

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Read more

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Read more

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Read more

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Read more

Спорт

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Читај повеќе

Ужасни сцени дома го спречија голманот на Виљареал да игра против Наполи

Читај повеќе

Го одбиваа, сега го молат: Кој е дечкото што го „згази“ Интер? 

Читај повеќе
  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Читај повеќе