Улична банда со бекатон претепа до смрт фудбалер во Уганда

Макфакс/Кајгана
/ 06.08.2026 / 18:07

Фудбалот во Уганда е завиен во црно, откако капитенот на Вила и поранешен младински репрезентативец на својата земја, Дејвид Оуори, почина како резултат на брутален напад во Кампала. Имаше само 27 години.

Според полицијата, Оуори бил нападнат во близина на својот дом кога им се спротивставил на крадците кои се обиделе да му го украдат мобилниот телефон и други лични работи.

Сведоци тврдат дека група напаѓачи го претепале со бекатон, по што избегале, оставајќи го во несвест.

Фудбалерот бил итно префрлен во болница, каде им подлегнал на сериозните повреди. Вила се збогува со својот капитен со емотивна порака.

„Изгубивме многу повеќе од играч. Изгубивме лидер, брат и пријател“, објави клубот.

Во 2023 година, Дејвид Оуори се врати во Вила по двегодишен престој во Европа (играше за Велес во Шпанија и Утсиктенс во Шведска) и го предводеше клубот до нивната прва титула во лигата по 20 години. Беше поранешен младински репрезентативец на Уганда, но никогаш не дебитираше за сениорскиот тим, иако беше повикуван.

Полицијата започна истрага и интензивно ги бара напаѓачите, додека неговото убиство предизвика јавно негодување и обновени повици до властите да ја засилат борбата против насилниот криминал во главниот град на Уганда.

реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Фудбал

Брера Струмица запиша историска прва победа во УЕФА Младинската лига

Read more

Клоп во репрезентацијата повика фудбалер кој пред 15 месеци играше во трета лига

Read more

Мурињо му дава трошки, а тој гo храни Реал: Нереалната изведба на Карлос Еспи

Read more

Седлоски: Како играч никогаш немав 4 натпревари во 10 дена, ќе ротирам

Read more

Спорт

Брера Струмица запиша историска прва победа во УЕФА Младинската лига

Читај повеќе

Клоп во репрезентацијата повика фудбалер кој пред 15 месеци играше во трета лига

Читај повеќе

Одбојкарите со победа се простија од разочарувачкото ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо му дава трошки, а тој гo храни Реал: Нереалната изведба на Карлос Еспи

Читај повеќе

Формула 1 го објави распоредот за 2027 година, зголемен бројот на спринт трки

Читај повеќе
  • play_arrow

Седлоски: Како играч никогаш немав 4 натпревари во 10 дена, ќе ротирам

Читај повеќе

Седлоски повика 28 играчи за новата сезона во Лигата на нации

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Читај повеќе