Голманот на Виљареал, Петер Гулачи, го пропушти синоќешниот натпреварот од Лигата на шампионите против Наполи поради вооружена провала во неговиот дом, објави клубот.
Шпанските медиуми објавија дека вооружени мажи влегле во домот на унгарскиот голман додека тој бил таму со сопругата и двете деца.
Тоа се случило ноќта пред натпреварот од Лигата на шампионите, поради што клубот одлучи да го изостави од протоколот.
Виљареал во кратко соопштение изјави дека 36-годишниот Гулачи нема да биде во составот „од лични причини“.
Медиумите на Иберискиот Полуостров не соопштија дали има повредени во нападот во домот на Гулачи.
Местото на Гулачи помеѓу стативите синоќа го зазеде Бразилецот Луис Жуниор, а Виљареал го победи Наполи со 3:1 иако губеше со 0:1.
Гулачи пристигна во Виљареал во август од Лајпциг, каде помина повеќе од една деценија, а претходно играше за Салцбург, како и за Хал Сити, Транмере Роверс и Херефорд Јунајтед како позајмен од Ливерпул, за кој никогаш не запиша настап.
Има одиграно 58 натпревари за унгарската репрезентација, а се повлече во 2025 година. Настапи на ЕУРО 2016, 2020 и 2024.