КУП НА МАКЕДОНИЈА 2024/2025

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Филип Здравески
/ 23.04.2025 / 18:15

Откако двата денешни реванш полуфинални натпревари завршија без победник, пресудија победите на првите дуели.

Вардар отпатува во Струмица на гостувањето кај Брера со водство од 3:0 и немаше потешкотии да ја задржи високата предност. Струмичани во првото полувреме успеаја да вратат еден гол, но по паузата Вардар израмни. Со резултатот 1:1 зџаврши овој дуел, што значи дека со вкупно 4:1 Вардар оди во големото финале.

Понеизвесно беше на вториот меч крај Охридското Езеро каде домаќинот Струга имаше предност од 2:1 благодарение на гостинската победа среде Тетово во првиот дуел. На константниот дожд стружани поведоа рано во првиот дел, па Шкендија мораше да постигне два гола за да го израмни севкупниот резултат. Не им одеше на тетовчаните, па гол за израмнување постигнаа дури во последната минута од судиското надополнување и тоа по лоша реакција на домашниот голман по шут директно од корнер.

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Брера Струмица  - Вардар 1:1 (вк. 1:4)
Стрелци: 34' Христијан Јанкулоски - 58' Михаил Талевски
Главен судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга - Шкендија 1:1 (вк. 3:2)
Стрелци: 19' Хоган Укпа - 90'+2 (аг) Сава Радиќ
Главен судија: Благојче Ралевски (Битола)

Remote video URL

Вардар и Струга прв пат ќе се соочат во едно куп финале. За Вардар ова ќе биде вкупно седмо финале, но последното го играше во 2007 госина. За Струга ова ќе биде само второ финале, откако во 2023 загуби на пенали од Македонија ЃП. Вардар има 5 куп титули и е најтрофеен во натпреварувањето.

Финалето ќе се игра на 21 мај (среда) од 19:00 часот, а ФФМ дополнително ќе информира за локацијата иако фаворит е Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Фудбал

Јуве го моли Милан да не го остава сам во Лига Европа

Read more

Чоло ќе го води Атлетико и следната сезона

Read more

Пуштени во продажба билетите за Куп финалето

Read more

Пред 4 години играа во четврта лига, сега ќе бидат бундеслигаши

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јуве го моли Милан да не го остава сам во Лига Европа

Читај повеќе

Чоло ќе го води Атлетико и следната сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Пуштени во продажба билетите за Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Пред 4 години играа во четврта лига, сега ќе бидат бундеслигаши

Читај повеќе
  • play_arrow

Panini ќе заработи милијарда евра од сликичките за Светско, познати личности бараат бесплатни албуми

Читај повеќе

Лино Червар: Кире Лазаров е најдобар играч на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Турам со два транспарента му се потсмевашe на Милан за време на парадата за титулата

Читај повеќе

Романо: Готово е, Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид

Читај повеќе

Дончиќ без ниту еден глас за првото место во МВП трката

Читај повеќе