КУП НА МАКЕДОНИЈА 2024/2025

Вардар и Струга одржаа прес-конференција пред утрешното финале од Купот на Македонија

Филип Здравески
/ 20.05.2025 / 14:33

Вардар и Струга утре од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат во рамките на финалето од 32. издание на Купот на Македонија.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

На денешната прес-конференција, тренерите и капитените на двата тима ги споделија своите очекувања во пресрет на утрешното финале. Но, наместо како што беше досега пракса на одржување заедничка прес-конференција, двата табора настапија одвоено: Вардар од 12 чаост, а Струга од 12:30 - по нивна желба.

„Мислам дека Вардар е подготвен да го даде максимумот во финалето. Знаеме дека пред себе имаме незгоден ривал кој лани беше првак. Ние се гледаме самите себеси. Толку време Вардар го чека ова финале, па ќе дадеме максимум на овој добар терен и со помош од публиката да ја оствариме целта оваа полусезона. Сакаме да продолжиме со добрите резултати од последните месеци и да го освоиме Купот, иако сме свесни дека нема да биде лесно. Ако играчите одиграат како во претходните шест месеци, се надевам дека трофејот ќе дојде во нашите витрини. Знаеме каде беше Вардар во првата полусезона, ама со макотрпна работа стигнавме до петтото место. Мислам дека го заслуживме тоа, а сакам да го заокружиме добриот ритам и утре“, рече тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, па продолжи:

„Секој натпревар во овие месеци зад нас беше финале, а ова е друг меч и постои притисок. Свесни сме сите, играчите ако го дадат максимумот мислам дека можеме до успех. И ние, но и Струга го заслужуваме ова финале. Се надевам на добра игра, фер и коректно, во добро светло да се прикажеме и да се радуваме. Домашниот терен е предност, знаеме што значи Вардар во Македонија и сигурно ќе има доста публика во Скопје. Ова е финале, двата тима мора да се фокусирани на својата игра. Струга е квалитетен ривал и заслужува респект, ама мора да ја одработиме уште оваа средба во свој стил“.

Седлоски и Закариќ на пресот; Фото: ФФМ

По него се обрати и еден од капитените на „Црвено-црните, Горан Закариќ: „Чест и задоволство ми е што сум тука како капитен на Вардар. Би се сложил со тренерот Седлоски, 18 години минаа и имаме голема шанса да го вратиме трофејот во витрините на клубот. Мислам дека со помош на нашите навивачи ќе се избориме за таков успех. Се надевам дека ќе уживаме во овој натпревар, имаме доста одиграни средби со Струга. Ќе се подготвиме максимално и се надевам ќе се радуваме сите заедно по натпреварот. Тука сум од првиот ден на сезоната, имавме тежок период и секако дека имаше доста промени. Одработивме врвни припреми во јануари, а оваа низа без пораз заслужува респект, особено кон луѓето кои дојдоа подоцна и ги сменија работите. Покажавме пролетва кои сме и што сме, па мислам дека и утре ќе дадеме свој максимум за да стигнеме до успех“.

Потоа на прес-масата седнаа претставниците на Струга.

„Финале на Куп пред почетокот на сезоната го посакуваат сите, ова е натпревар кој се чека цела сезона. Ние ќе бидеме дел од овој меч, а сакаме да го освоиме ова натпреварување. Струга е релативно млад клуб, во своето постоење има две титули и загубено финале на Купот. Сега имаме втора шанса, сакаме да го донесеме трофејот во Струга. Како тим дефинитивно сме подготвени, желни и мотивирани за утрешниот натпревар. Имаме доволен број на квалитетни и искусни фудбалери кои знаат да се носат со предизвикот. Според мене, Вардар е фаворит на утрешниот натпревар. Многу го ценам овој клуб, како играч и тренер освојував титули, тоа е мој клуб. Сепак, дефинитивно сакам да победам во ова финале. Вардар ќе игра пред свои навивачи, ама ние сме подготвени да одговориме на секој предизвик. Ќе влеземе во средбата за да ја добиеме. Вардар е анализиран. Направија конкурентен тим и низа победи, па имаат максимален респект од наша страна. Знаеме што сакаме и како треба да ја достигнеме зацртаната цел“, изјави Илчо Ѓорѓиоски, тренерот на Струга.

Ѓорѓиоски и Шабани на пресот; Фото: ФФМ

„Играме многу важен натпревар против Вардар. Сите ќе дадеме свој максимум и мислам дека како екипа можеме да дојдеме до трофејот. Подготвени сме, искусни играчи сме и живееме за овој тип натпревари. Сметам дека нема да биде проблем фактот дека играме во Скопје и покрај односот на навивачи на трибините. Зад нас имаме големи натпревари дури и во Европа, па тоа е нашата предност. Претходните натпревари со Вардар не значат ништо, утре играме соссема нов меч. Нијанси ќе го решаваат ова финале“, рече капитенот на стружани, Буњамин Шабани.

Билетите за финалето се во продажба онлајн преку платформата на ФФМ, а натпреварот ќе биде и пренесуван во живо на МРТ1 и МРТ3.

За прв пат на домашен натпревар ќе се користи ВАР технологија, а воедно ќе се игра и со новата топка со која ќе се играат и сите натпревари наредната сезона.

Патот на Вардар и Струга до финалето низ хајлајтс:

Remote video URL
реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Фудбал

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Read more

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Read more

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Read more

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Read more
 

Спорт

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Винисиус сакаше да се тепа со Олмо, едвај го додржаа

Читај повеќе

Хакими ќе биде подготвен за финалето против Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Немоќните Лејкерс пред метла, Оклахома повторно победи убедливо

Читај повеќе