1.МФЛ 2025/2026

Вардар со петарда за Арсими, Силекс киксна со Бакшими

Филип Здравески
/ 11.02.2026 / 15:58

Во денешните два прволигашки натпревари лидерот Вардар оствари лесна победа над Арсими, додека Силекс се намачи дома со Башкими и не успеа да победи.

Многу полесно од очекувањата тимот на Вардар го скрши отпорот на Арсими, кој најрано од сите прволигаши ги почна зимските подготовки, веднаш по Новга година. Уште во шестата минута засилувањето од панчевачки Железничар, Цветковиќ, го отвори резултатот, а голеадата ја продолжија другите зимски засилувања Николов и Велковски. Пред паузата Босанчиќ се погрижи за водство од 4:0.

Во вториот дел на 5:0 зголеми Омерагиќ, а гостите од гостиварското село Чегране во судиското надополнување успеаја барем да го ублажат поразот со гол од пенал откако голманот Талески направи прекршок.

Remote video URL

Со оваа победа Вардар го искористи вчерашниот пораз на Струга во Тетово и се одлепи на врвот на +4 во однос на стружани.

Во Кратово, екипата на Силекс се намачи со Башкими. Кумановци очигледно беа дојдено да останат непоразени и успеаја во тоа откако натпреварот заврши без голови. Голема шанса за победа имаа домаќините во судиското надополнување кога Ѓорге Џеков убаво биеше со глава, но голманот Амир Јашар одлично одбрани.

За Силекс ова е голем кикс уште на стартот од вториот дел бидејќи сега заостанува цели 7 бодови зад третопласираната Шкендија. Третото место на крајот на сезоната може да води во квалификациите за Конференциската лига, но само доколку во Купот триумфира една од екипите пласирани на првите две позиции. Башкими, пак, си освои важен бод во борбата за избегнување на местата што бодат во баражот за испаѓање.

Стадион „ФФМ Петар Милошевски“ во Скопје
Вардар - Арсими 5:1 (4:0)
Стрелци: 6' Стефан Цветковиќ, 20' Бобан Николов, 34' Дарко Велковски, 42' Немања Босанчиќ, 80' Азер Омерагиќ - 90'+3 (п) Ајрадин Цуцули
Црвен картон: 79' Мухједин Дардишта (А)
Главен судија: Фуркан Идризи (Тетово)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Башкими 0:0
Главен судија: Влатко Илиоски (Прилеп)

Потсетуваме, вчера Шкендија ја победи Струга со 2:0, а Тиквеш славеше над Шкупи со 6:0. Утре колото завршува со натпреварите Брера Струмица - Македонија ЃП и Пелистер - Работнички.

Табела:

реклама

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more

Зошто на електричните автомобили им се празни батеријата додека се паркирани?

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Read more

Фудбал

Тудор: Смешно ми е што луѓето мислат дека нов менаџер би ги решил сите проблеми преку ноќ

Read more

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Read more

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Read more

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Read more
 

Спорт

Формула 1 го доби најмладиот возач на пол-позицијата

Читај повеќе

Тудор: Смешно ми е што луѓето мислат дека нов менаџер би ги решил сите проблеми преку ноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер сруши рекорд на Вилт Чемберлејн стар 63 години

Читај повеќе

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс

Читај повеќе

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе