1.МФЛ 2024/2025

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Макфакс/Кајгана
/ 23.04.2025 / 20:33

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија експресно реаираше и ги одреди казните за инцидентите кои се случија во 28. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Од дуелот Воска Спорт - Вардар; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Најголемо внимание привлекоа инцидентите во Охрид и Струга.

Воска Спорт на 15 минути до крајот на натпреварот против Вардар го напушти теренот. Во Струга па тепачка се случи по завршувањето на натпреварот меѓу домаќинот и Гостивар.

„Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше натпреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ службен резултат, 0:3;

ФК Воска Спорт е предадена на дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ;

ФК Воска Спорт е предадена на дисциплинска комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично скандирање на домашнита публика) на натпреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ;

Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт и Агон Хани – капитен на ФК Воска Спорт се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт да го напуштат теренот на натреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ;

ФК Струга се предава на Дисциплинска комисија поради слаба организација на натпреварот ФК Струга Трим – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ;

Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт исклучен на натпреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.

Лука Робакидзе – фудбалер на ФК Работнички исклучен на натпреварот ФК Работнички – ФК Пелистер од 28. Коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од (1) еден натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.

Дардан Мифтари – тренер на голмани на ФК Струга исклучен на натпреварот ФК Струга – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;

Небојша Василевски – физиотерапевт на ФК Гостивар исклучен на натпреварот ФК Струга – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;

Карчески Даниел – фудбалер на ФК Пелистер исклучен на натпреварот ФК Работнички – ФК Пелистер од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;

Диата Асане – фудбалер на ФК Гостивар исклучен од натпреварот ФК Струга – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;

Аосман Ајас – фудбалер на ФК Гостивар исклучен од натпреварот ФК Струга – ФК Гостивар од 28. коло во 1.МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ“.

реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Фудбал

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Read more

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Read more

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Read more

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Read more
 

Спорт

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Винисиус сакаше да се тепа со Олмо, едвај го додржаа

Читај повеќе

Хакими ќе биде подготвен за финалето против Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Немоќните Лејкерс пред метла, Оклахома повторно победи убедливо

Читај повеќе