Вардарки втор пат по ред паднаа на баражот и останаа второлигаши

Филип Здравески
/ 28.05.2025 / 13:44

Женската екипа на Вардар две години по ред не успеава да влезе во првата лига сопнувајќи се на последната пречка - баражот.

Како второпласирани во второлигашката конкуренција, фудбалерките на скопски Вардар втора сезона по ред шансата за конечен пласман во елитното друштво мораа да ја бараат преку баражот против 9-то пласираната екипа од првата лига, Речица од Кумановско.

Во необичен термин во 11 часот утрово на Тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Ново Лисиче се одигра бараж натпреварот на кој вардарки немаа решение за разиграната седмица на Речица, Емили Митковска. Уште во 47. секунда таа го отвори резултатот, за набрзо и да го дуплира водството. Вардар се врати во игра со голот на Јанковска на средината од првиот дел, но Митковска во второто полувреме со нови два гола ѝ обезбеди опстанок на Речица.

Тренинг-центар „Петар Милошевски“ во Скопје
Речица - Вардар 4:1 (2:1)
Стрелци: 1′, 7′, 46′ 76′ Емили Митковска - 26′ Теодора Јанковска
Главен судија: Вјолца Изеири (Гостивар)

Remote video URL

Убедливата победа на последнопласираната екипа во првата лига (не испадна директно затоа што пред почетокот на сезоната една екипа се откажа од натпреварување) над второпласираната во втората лига, која до самиот крај се бореше за првото место и која доминираше во натпреварите со останатите второлигаши завршувајќи со гол-разлика 80:9, само говори колку огромна е разликата во квалитетот дури и меѓу послабите прволигаши споредено со оние од втората лига.

Само за споредба, Речица сезоната во првата лига ја заврши со 3 победи, без реми и 21 пораз со гол-разлика од неверојатни 23:126, односно -103!

реклама

Додека целиот свет зборува за Ормускиот Проток, знаете ли како всушност изгледа?

Read more

Апасиев за изборите во Унгарија: Лик од третиот ешалон на Фидес ќе биде власт

Read more

Човекот кој го победи Орбан: Кој е Петер Маѓар и каква е неговата политика?

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Фудбал

Шампионски менталитет: Интер губеше 2:0 кај Комо, па им даде четири

Read more

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Read more

Сите голови од 24. коло во втората лига

Read more

Артета разочаран по шокантниот пораз од Борнмут: Болен удар

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Шампионски менталитет: Интер губеше 2:0 кај Комо, па им даде четири

Читај повеќе

Заврши регуларната сезона во НБА, познати двојките за плејофот и плејинот

Читај повеќе

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од 24. коло во втората лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Артета разочаран по шокантниот пораз од Борнмут: Болен удар

Читај повеќе

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе