ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Вечерва почнува Мундијалот 2026: Светот ќе го гледа најголемиот фудбалски спектакл на сите времиња

Сè е подготвено за најголемиот фудбалски спектакл во историјата на најважниот спореден настан во светот. Три земји домаќини, 48 репрезентации, 12 групи, врвни стадиони и повеќе од еден месец најдобар фудбал ветуваат незаборавно првенство. Очите на целата планета ќе бидат насочени кон Канада, САД и Мексико, каде што вечерва започнува Светското првенство 2026.

Првиот натпревар ќе се игра на легендарниот стадион „Астека“ во Мексико Сити помеѓу Мексико и Јужна Африка. Директен пренос од 21:00 часот ќе оди на новиот канал Арена спорт МК 1 со коментар на македонски јазик. Претходно од 20 часот ќе биде свеченото отворање.

Токму од ова иконско место во светот на фудбалот започнува битката на 48 репрезентации за највредниот трофеј во светскиот фудбал. Тоа ќе биде првиот од вкупно 104 натпревари што ќе ги играат 48-те репрезентации низ Канада, САД и Мексико во текот на следните 39 дена. Големото финале е закажано за 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк.

Бранителот на титулата Аргентина, предводена од Лионел Меси, е меѓу главните фаворити, заедно со европскиот шампион Шпанија и светскиот вицешампион Франција.

Шпанија доаѓа во Северна Америка со големи амбиции. Генерацијата предводена од младата ѕвезда Ламин Јамал ​​сака да го повтори успехот од 2010 година и да ја освои втората светска титула. Екипата на Луис де ла Фуенте ја задржа својата препознатлива техничка игра, но стана многу поспецифична и поопасна во завршницата.

Франција повторно има еден од најсилните состави на турнирот. Килјан Мбапе, Усман Дембеле, Маркус Турам, Рајан Шерки и Мајкл Олисе предводат исклучително моќен напад, додека селекторот Дидје Дешан се стреми да стане првиот тренер по речиси еден век што двапати го освоил Светското првенство.

Аргентина ја брани титулата од Катар. Иако на турнирот Меси ќе го прослави својот 39-ти роденден за време, тимот на Лионел Скалони влегува во првенството со самодоверба по доминантната квалификациска кампања. Со Лаутаро Мартинес, Хулиан Алварес и мноштво други квалитетни играчи, „Албиселесте“ веруваат дека можат да освојат уште една светска титула.

Португалија е исто така меѓу фаворитите. Кристијано Роналдо има можност да напише нова страница во историјата како прв играч кој постигнал голови на 6 различни Светски првенства. Покрај него, Португалците се потпираат на исклучително квалитетен среден ред и самодовербата стекната од освојувањето на Лигата на нации.

Бразил ќе се обиде да ја врати поранешната слава и да стигне до својата шеста мундијалска титула. Под водство на искусниуот италијански стратег Карло Анчелоти, „Селесау“ сметаат на Винисиус Жуниор, Нејмар и искусните дефанзивци Маркињус и Габриел Магаљајс.

Англија повторно сонува за трофеј што го чека од 1966 година. Селекторот Томас Тухел направи неколку смели потези при составувањето на тимот, а најголемите надежи ги положи на Хари Кејн, Џуд Белингам и Букајо Сака.

Тука е и фаворитот од сенка Холандија, за која многумина предупредуваат дека може да изненади. По три порази во финалињата (1974, 1978 и 2010), „Оранје“ важат за најбаксузната репрезентација на мундијалите. Со Мемфис Депај, Дензел Думфрис, Вирхил ван Дајк, Тиџани Рејндерс, Дониел Мален и другите, Холанѓаните имаат состав со кој можат да стигнат дури до крајот.

Мароко, исто така, привлекува големо внимание, бидејќи се стреми да го продолжи својот историски подем што започна со пласманот во полуфиналето на претходното Светско првенство. Предводени од Ашраф Хакими, Мароканците веруваат дека можат да станат првиот африкански тим што ќе игра во финале на еден Мундијал.

Од другите репрезентации што можат да изненададат и да стигнат далеку, иако не и до самото финале, тука се Шкотска со Скот МекТоминеј, Џон МекГин и Енди Робертсон, Норвешка со Ерлинг Халанд, Мартин Едегор и Александер Серлот и Сенегал со Садио Мане, Никола Џаксон и Калиду Кулибали. Секако, на Мундијалите секогаш имало и некоја репрезентација што сите ја отпишале, а одиграла одличен турнир, па можеби сега тоа ќе би биде Зелен 'Рт, ДР Конго, Узбекистан, Ирак, Босна и Херцеговина, Канада...

Дури 4 репрезентации ќе запишат деби настап на мундијалите и тоа Јордан, Узбекистан, Курасао и Зелен 'Рт. Од друга страна, некои се враќата по долго отсуство. Хаити и ДР Конго по 52 години од нивното деби учество во 1974, Ирак 40 години (1986), Норвешка, Австрија и Шкотска 28 години (1998), Чешка 20 (2006), а Парагвај и Нов Зеланд 16 години (2010).

По години исчекување, најголемиот фудбалски настан конечно започнува. Навивачите ширум светот можат да очекуваат повеќе од еден месец врвни натпревари, големи емоции и борба за пехарот на ФИФА за кој сонува секој фудбалер.

Тагови
реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Фудбал

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Read more

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Read more

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Read more

Спорт

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Читај повеќе

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Читај повеќе

ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар од новата сезона

Читај повеќе

Пронајдено шишето на Пикфорд со белешки за пенали, реакцијата на Меси станува хит

Читај повеќе

Не можеше без политика: Дали ФИФА ќе ги казни Аргентинците за забранетиот транспарент?

Читај повеќе