Вељко Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија?

Макфакс/Кајгана
/ 12.10.2025 / 11:32

Фудбалската репрезернтација на Србија доживеа тежок пораз со 0:1 од Албанија во Лесковац по кој ги загуби реалните шанси за пласман на Мундијалот 2026. По мечот, почнаа шпекулации за смена на селекторот.

Според Arena sport, нов селектор ќе биде Вељко Пауновиќ. Тој треба да го наследи Драган Стојковиќ-Пикси, кој по натпреварот изгледаше како човек што знае дека заминува. Тој веќе понудил оставка до челниците на српскиот фудбал.

Пауновиќ неодамна доби отказ од шпанскиот прволигаш Овиедо, а запаметен е по успехот со младинската репрезентација во 2015 година, кога Србија стана светски шампион.

По тој успех, тренираше во Мексико, Англија и САД. Последно беше на клупата на Овиедо, каде го врати клубот во Ла Лига по 24 години. Сега повторно е слободен и блиску до клупата на Србија.

Пауновиќ е роден во Струмица, неговата мајка е Македонка, а го владее и македонскиот јазик. Кога беше активен играч имаше понуда да игра за Македонија, но ја одби надевајќи се на повик од Србија, повик кој никогаш не го доби.

реклама

Фудбал

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Read more

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Read more

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Read more

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе