Венгер најавува ново правило, кое од корен ќе го смени фудбалот

Макфакс/Кајгана
/ 08.05.2025 / 20:30

Фудбалот наскоро би можел да доживее вистинска револуција, а зад потенцијалната промена стои Арсен Венгер, легендарен тренер и сегашен раководител на одделот за глобален развој на фудбалот во ФИФА.

Неговата идеја би можела радикално да ги промени правилата на играта, а особено ќе ги израдува навивачите бидејќи, според најавите, би донела пофлуиден фудбал и би им ја олеснила работата на судиите.

Венгер се осврна на историјата на правилото за офсајд и објасни зошто дојде време за промена.

„Кога одлучивме, пред воведувањето на ВАР, дека повеќе нема офсајд ако сте во иста линија со дефанзивецот, тоа беше во 1990 година. По Светското првенство во Италија, немаше голови што беа признати ако сте биле во офсајд, дури и кога сте биле во иста линија со дефанзивецот. Во таа година, во 1990 година, беше одлучено дека играчот повеќе не е во офсајд ако е во иста линија со дефанзивецот“, објасни Венгер.

Повод за ваквото размислување е поништениот гол на Хенрик Мхитарјан во првиот полуфинален меч меѓу Барселона и Интер. Палецот на ногата беше во офсајд и поради тоа ВАР го поништи голот на Ерменецот.

„Кога се сомневате, предноста оди кај напаѓачот. Тоа значи дека кога има некаква минимална разлика, како што видовме сега, напаѓачот би имал предност порано. Со ВАР, таа предност исчезнува. И многу луѓе, мислам дека во Англија, изброија 37 поништени голови поради минимален офсајд. И тоа е фрустрирачко. Затоа предложив решение. Сè додека кој било дел од вашето тело е во линија со дефанзивецот, не сте во офсајд“, додаде легендарниот стручен коментатор.

Венгер појасни дека ќе го изнесе овој предлог пред надлежното тело (ИФАБ), а дека околу неговата примена ќе се разговара за една година.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Фудбал

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Read more

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Read more

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Read more

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Read more
 

Спорт

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Читај повеќе

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Читај повеќе
  • play_arrow

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Читај повеќе

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе