СЕРИЈА А 2026/2027

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, го има најдобриот почеток на сезоната откако е во тренерските води откако по три кола од Серија А е на делба врвот на табелата со максимален учинок.

По серијата неуспеси, Гатузо летово го презеде Лацио. Иако сите очекуваа да направи пауза од тренерската работа откако доживеа вистински дебакл со елиминацијата во плејофот за пласман на Светското првенство 2026 од Босна и Херцеговина, Гатузо се зафати со многу деликатна задача. Птсетуваме, Гатузо велеше дека ќе се исели од Италија доколку не ја однесе репрезентацијата на Мундијалот.

Го презеде Лацио во тешка ситуација, но по три кола од Серија А, „Бјанкочелестите“ се во изедначена борба за првото место со максимални 9 бодови.

Лацио на Гатузо прво ја победи Болоња на гости, а потоа и Џеноа дома. Синоќа, неговиот тим одигра тежок натпревар на гости во Удине против Удинезе и славеше со 2:1 и тоа по пресврт.

Домашниот тим водеше до крајот на натпреварот, кога Давиде Фратези постигна гол во 75-тата минута за 1:1. Конечниот резултат беше 2:1, а Алберт Гудмундсон го донесе големиот пресврт само неколку минути пред крајот.

Така, Лацио се израмни на првото место со уште два максимални тима по три кола, Интер и Рома. Вистината е дека тие се во водство поради подобрата гол-разлика, но подвигот на Лацио е секако многу поимпресивен со оглед на квалитетот на играчите, кои и тоа како заостануваат зад Рома и Интер.

Со тоа, поранешниот селектор на Италија стана само третиот тренер на Лацио во нивната богата историја кој започнал сезона во Серија А со три победи.

Дури ни Свен-Јеран Ериксон со славната генерација од 1999/2000, кога Лацио го освои последното Скудето, немаше ваков перфектен старт.

Пред Гатузо вакво нешто им имаше успеано само на Томазо Маестрели во 1975 година и Владимир Петковиќ во 2013 година, па „Бјанкочелестите“ чекаа ваков почеток на сезоната цели 13 години.

Првиот меч од новата сезона не ветуваше ваков старт за Лацио, напротив. Гатузо официјалното деби го имаше во Копа Италија на 16 август кога Лацио на „Олимпико“ го пречека второлигашот Мантова и доживеа срамна елиминација губејќи со 2:0.

Дали Гатузо и Лацио ќе го издржат победничкото темпо ќе видиме в сабота од 18:00 часот кога Лацио ќе го пречека Милан. 

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Фудбал

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Read more

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Read more

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Read more

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Read more

Спорт

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Читај повеќе

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Читај повеќе

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Винисиус: Мене ме фаулираат, а јас добивам картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Драматична ноќ во Сплит: Навивачи на Хајдук нападнаа навивачи на Ајакс, уапсени 57 хулигани

Читај повеќе

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе