Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Филип Здравески
/ 14.11.2025 / 20:56

Копајќи по архивите на домашниот фудбал, наидовме на еден многу интересен факт: сегашниот претседател на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, има постигнато гол играјќи против Македонија!

Каква иронија е тоа! Веројатно тој е единствениот претседател на фудбалска федерација во светот кој постигнал гол против својата репрезентација. И не зборуваме за автогол.

Секако, во тоа време тој бил само играч со голем ентузијазам и веројатно никогаш не помислил дека еден ден ќе ја води фудбалската федерација на својата земја.

Ви ја пренесуваме приказната за овој необичен момент што се случил пред повеќе од 30 години.

Откако Македонија станала независна излегувајќи од Југославија, не била веднаш примена во УЕФА и ФИФА. Поради проблемите со знамето и името со Грција, морала да чека подолго од, на пример, Словенија или Хрватска. ФИФА не дозволувала нашата репрезентација да игра меѓународни натпревари и покрај тоа што репрезентацијата била формирана веднаш по независноста во септември 1991 година. Луѓето кои биле задолжени за нашиот фудбал во тоа време наоѓале разни начини за репрезентација да биде активна, играјќи натпревари против т.н. тим на новинари, тимови на првата и втората лига и против клубови.

Еден таков натпревар се одржал на 23 април 1993 година во Кратово. Македонската репрезентација играла против прволигашкот Силекс, а 24-годишниот играч од средниот ред Масар Омерагиќ во тоа време бил дел од Силекс. Почнал од клупата и влегол како замена.

Омерагиќ (прв од лево, горе) на друг натпревар на Силекс; Фото: ФК Силекс Кратово

Резултатот бил 2:1 за Силекс кога Омерагиќ го постигнал голот. Копајќи во архивите на најстариот активен македонски весник во Нова Македонија, еве што пронајдовме:

„Бошковски од левата страна центрираше, Димовски ја прифати топката, ја врати назад, каде што беше Омерагиќ, кој испрати вистинска 'бомба' и Ристевски беше немоќен.“ Автор на извештајот во Нова Македонија е новинарот Спасе Георгиевски.

Се чини дека сегашниот претседател на ФФМ постигнал прав еврогол против Македонија. За жал, нема видео од голот.

За време на паузата на полувремето на пријателскиот натпревар против Латвија во четвртокот, не можевме, а д не го прашаме г-динот Омерагиќ дали се сеќава.

- Господине претседателе, дали знаете дека веројатно сте единствениот претседател на фудбалска федерација во светот кој всушност постигнал гол против својата репрезентација?

- Да! И беше во Кратово. Натпреварот беше емитуван на МТВ, би сакал да имам видео од тој гол, рече тој.

Знаејќи ја ситуацијата во архивата на Македонската радио телевизија, не сме оптимисти дека чуваат снимка од тој натпревар, или од било кој од тие неофицијални натпревари. Се надеваме дека откако ќе ја прочитаат оваа статија, барем ќе проверат.

Враќајќи се на натпреварот, еве го записникот:

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Македонија 3:2 (1:1)
Стрелци: 37' Зоран Бошковски, 58' Лековски, 68' Масар Омерагиќ – 28', 84' (п) Саша Ќириќ
Силекс: Кире Трајчев; Трајче Сенев, Арсе Андовски, Горан Георгиевски, Јованчо Бизимоски, Лековски* (Масар Омерагиќ), Марјан Николов, Србовски*, Зоран Бошковски, Митев* (Димковски*), Туш Зефиќ.
Македонија: Антонио Филевски (Ристевски*); Дарко Стојкоски (Д. Наумоски*), Васовски*, Димчо Димов, Цено Александровски (Гајур Садику), Љупчо Марковски, Кире Грозданов (Антонио Тасев), Сашо Тодоровски, Ванчо Мицевски, Саша Ќириќ, Сашо Милошевски (Марјан Стојковски).
Главен судија: Ристо Бундалевски (Скопје)
Гледачи: 3.000

Извештајот од натпреварот објавен во весникот Нова Македонија од новинарот Спасе Георгиевски; Фото: Гоце Михајлоски (MacedonianFootball)

*Весникот ги наведува само презимињата на играчите, па затоа се обидовме да го идентификуваме секој играч, но имајќи предвид дека овој натпревар се играл пред нашето време, не можевме да ги идентификуваме сите. Доколку имате какви било информации кои се играчите со ѕвездичка*, ве молиме контактирајте нѐ за да го ажурираме овој драгоцен записник. Во македонската репрезентација непознатите играчи биле од Металург (голманот Ристевски) и Победа (Д. Наумоски), додека наше мислење е дека Васовски всушност е погрешно напишан Зоран Васевски.

реклама

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Read more

Друга верзија: Суви полнети пиперки

Read more

Фудбал

Младиот играч за врска на Рома бега од култната „седумка“ на Роналдо

Read more

Времеплов: 30 години од црвено-жолтата голеада под Алпите

Read more

Фермин Лопес: Од отпишан талент до еден од најважните играчи на Барса

Read more

Интер е кошмарот на Комо

Read more

Спорт

Младиот играч за врска на Рома бега од култната „седумка“ на Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: 30 години од црвено-жолтата голеада под Алпите

Читај повеќе

Фермин Лопес: Од отпишан талент до еден од најважните играчи на Барса

Читај повеќе

Чуден инцидент во Лос Анџелес: Маж уапсен на имотот на Леброн Џејмс, тврдел дека му е син

Читај повеќе

Интер е кошмарот на Комо

Читај повеќе

Карик за својата иднина: Ништо нема да се случи

Читај повеќе
  • play_arrow

Капа долу за Редик: Лејкерс без Дончиќ го освоија Детроит

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивач на Каљари паднал од трибина при обид да ги поздрави фудбалерите

Читај повеќе
  • play_arrow

Кари ги спаси Вориорс: Седма победа по ред и рекорд пред Леброн

Читај повеќе