Видео-преглед на колото во првата и втората лига

Филип Здравески
/ 17.08.2026 / 19:51

Изминатиов викенд се одигра третото во првата лига, а новата сезона ја почнаа и второлигашите.

Момент од натпреварот Работнички - Кожуф; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Во првата лига на петте стадиони паднаа вкупно 11 голови, што е навистина слаба ефикасност ако се земе предвид дека три натпревари завршија со по 1:0, а просекот од 2,2 гола по натпревар го спасија Шкендија и Силекс кои постигнаа по 4 односно 3 голови. Најефикасен беше мечот Шкендија - Брегалница, кој за жал се играше без публика. Интересно, таму првото полувреме заврши без голови, а сите пет гола беа постигнати по паузата.

Изненадувањето го приреди арачиновска Шкендија 77, која успеа да слави на гостувањето кај Тиквеш.

Резултати од 3. коло:

Стадион „Градски“ во Гостивар
Арсими – Башкими 1:0 (0:0)
Стрелци: 82′ Диего Контрерас
Судија: Александар Василевски (Скопје)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс – Скопје 3:0 (0:0)
Стрелци: 48′ Есмир Хасукиќ, 60′ Никола Богдановски, 78′ Александар Мишов
Црвен картон: 57′ Дарко Сековски (Ск)
Судија: Благојче Ралевски (Битола)

Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш – Шкендија 77 0:1 (0:1)
Стрелци: 26′ Марко Симоновски
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга – Вардар 1:0 (0:0)
Стрелци: 60′ Христијан Малески
Судија: Доне Ристовски (Гевгелија)

Тренинг центар „Петар Милошевски“ терен 2 во Скопје
Шкендија – Брегалница 4:1 (0:0)
Стрелци: 61' Александар Трумчи, 66' Ендрит Красниќи, 90'+1 Фахд Ндзенге, 90'+4 Арбин Зејнулаи - 86' Мартин Стојанов
Судија: Влатко Илиоски (Прилеп)

Хајлајтс од сите натпревари:

Remote video URL

Второлигашите ја отворија новата сезона со 15 голови на седумте натпревари, или во просек 2,14 голови по натпревар, што исто така е слаба ефикасност. Голгетерски најрасположени беа играчите на Работнички кои постигнаа 3 гола, додека најмалку голови, самао еден, виде струмичката публика на мечот меѓу Беласица и Осогово.

За жал оваа сезона ФФМ одлучи да не ги стримува натпреварите од втората лига на својот YouTube канал, па поради таа причина можат дa се погледнат голови само од неколку натпревари.

Резултати од 1. коло:

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП – Тетекс 1:1 (0:1)
Стрелци: 68′ Горазд Блажевски Еминов – 28′ Славчо Мисајловски
Судија: Ндерим Тефику (Куманово)

Стадион „Пандев“ во Струмица
Брера Струмица – Еуромилк 2:0 (1:0)
Стрелци: 43′ Игор Ристов, 72′ Владимир Жоглев
Судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Remote video URL

Стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје
Работнички – Кожуф 3:0 (1:0)
Стрелци: 18′ (п) Андреј Кудијан, 71′ Аљмир Подграѓа, 85′ Александар Богданоски
Судија: Пларент Салихи (Тетово)

Remote video URL

Стадион „Билјанини Извори“ во Охрид
Охрид Лихнидос – Новаци 2:1 (1:0)
Стрелци: 45′+3 (п), 81′ Антонио Каланоски – 73′ Антонио Марчевски
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи – Дет. Плачковица 0:2 (0:1)
Стрелци: 31′ Давид Голубов, 59′ Филип Димоски
Судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Стадионот „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица – Осогово 1:0 (0:0)
Стрелци: 79′ Рон Мемеди
Судија: Ангелчо Ристов (Неготино)

Стадион „Петар Милошевски“ во Битола
Пелистер – Камјани 1:1 (0:1)
Стрелци: 86′ (п) Мартин Мирчевски – 31′ Љупчо Трпески
Судија: Бењамин Ќерими (Скопје)

Remote video URL
Тагови
реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Фудбал

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Read more

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Read more

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Read more

Спорт

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе