Денеска се комплетираше 7. коло во првата лига, а викендов второлигашите го одиграа петтото.
Во првата лига на петте стадиони паднаа вкупно 19 голови, што е за еден гол помалку од сезонава најефикасното коло, она воведното. Интересно, малку недостасуваше сите пет натпревари да завршат без победник откако во петокот, саботата и неделата натпреварите завршија со поделба на бодовите и тоа со доста голема ефикасност: три дуела завршија со резултат 2:2, а еден 3:3. Но, денеска на последниот меч имаше победник и тоа со постигнат само еден гол. Така, просекот на голови вели дека биле постигнати 3,8 погодоци по натпревар.
Резултати од 7. коло:
Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш – Струга 2:2 (1:2)
Стрелци: 12′ Лусианињу, 87′ Жоау Габриел – 17′ Хамонд Агама, 43′ Марјан Радески
Главен судија: Игор Стојчевски (Скопје)
Стадион „Градски“ во Гостивар
Арсими – Шкендија 2:2 (1:2)
Стрелци: 45’+2, 80′ Диего Контрерас – 18′ Бесарт Ибраими, 30′ Анес Мељичи
Главен судија: Влатко Илиоски (Прилеп)
Стадион „Башкими“ во Куманово
Башкими – Вардар 3:3 (2:1)
Стрелци: 20′ Фати Исмаиљи, 33′ Рашиде, 86′ Хебиб Саити – 38′ Давид Бабунски, 70′, 72′ Горан Закариќ
Главен судија: Александар Грујоски (Кичево)
Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс – Брегалница 2:2 (1:0)
Стрелци: 8′ (аг) Благој Хаџи-Кимов, 82′ Александар Мишов – 49′ Мартин Стојанов, 67′ Натаниел Маскоу
Главен судија: Благојче Ралевски (Битола)
Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкендија 77 – Скопје 1:0 (0:0)
Стрелци: 88′ Дашмир Елези
Главен судија: Доне Ристовски (Гевгелија)
Хајлајтс од сите натпревари:
Табела:
Во втората лига се одиграа 6 од 7 натпревари бидејќи Брера Струмица побара дуелот со Работнички да се одложи поради тоа што нивната младинска екипа в среда гостува кај Санта Колома во Андора во рамките на УЕФА Младинската лига. Нејасно е зошто ФФМ прифати натпревар што требаше да се игра в сабота да биде одложен поради друг меч дури 4 дена подоцна.
Второлигашите на шесте натпревари постиогнаа 17 голови, што во просек е 2,83 голови по натпревар.
Резултати од 5. коло:
Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП – Камјани 1:0 (0:0)
Стрелци: 70′ Стефан Темелков
Главен судија: Марјан Стојановски (Кичево)
Стадион „Чаир“ во Скопје
Шкупи – Пелистер 0:4 (0:1)
Стрелци: 33′, 46′ Симеон Христов, 52′ Јорданчо Наумоски, 73′ Кире Стојанов
Главен судија: Фатмир Бафто (Охрид)
Стадион „Билјанини Извори“ во Охрид
Охрид Лихнидос – Еуромилк 2:1 (1:0)
Стрелци: 45′, 75′ Антонио Каланоски – 87′ Димитар Стојановски
Главен судија: Фуркан Идризи (Тетово)
Стадион „Никола Мантов“ во Кочани
Осогово – Кожуф 0:1 (0:1)
Стрелци: 35′ Сашо Дуков
Главен судија: Ндерим Тефику (Куманово)
Стадион „Новаци“ во Новаци
Новаци – Дет. Плачковица 3:1 (2:1)
Стрелци: 6′ Стефан Јовановски, 12′, 79′ Никола Талески – 4′ Емир Јаботиќ
Главен судија: Ангелчо Ристов (Неготино)
Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица – Тетекс 2:2 (2:1)
Стрелци: 20′ Стефан Сулев, 38′ Филип Михаилов – 8′ (п) Иван Галевски, 71′ Агон Елмази
Главен судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Табела:
Во првата лига за фудбалерки се одигра 5. коло, а и таму имаше одложен меч, оној меѓу Ас Јунатед и Плистер, кој ќе се одигра в четврток. Женската лига традиционално изобилува со голови, па така и колово: на 4 натпревари паднаа дури 20 голови, што во просек е 5 гола по натпревар. Најнеефикасен беше дуелот меѓу Вардар и актуелниот шампион Скопје 2014 каде амо еден гол го реши победникот
Резултати од 5. коло:
Стадион „Филип Лазаревски“ во Струмица
Тиверија Брера – Кочани 8:1 (3:0)
Стрелци: 4′, 65′ Теона Галабовска, 8′, 56′ Билјана Панеска, 42′ Одуро Кристабел Опонг, 71′ Ивана Илиева, 73′, 90′+1 Павлинка Николовска – 65′ Лина Мицовска
Главен судија: Блаже Петковски (Миравци)
Стадион „Милутин Вељковиќ-Уца“ во Речица
Речица – Љуботен 2:8 (1:4)
Стрелци: 6′ Анѓела Петковска, 61′ Леона Спасовска – 7′ Хава Мустафа, 21′, 28, 65′ 78′, 87′ Илза Максути, 25′ Калина Попески, 81′ Михаела Додевска
Главен судија: Александар Василевски (Скопје)
Стадион „Цементарница“ во Кисела Вода, Скопје
Вардар – Скопје 2014 0:1 (0:0)
Стрелци: 88′ Бесарта Фида
Главен судија: Вјолца Изеири (Гостивар)
Стадион „Тодорче Мандаровски“ во Пржино, Скопје
Истатов – Каменица Саса 1:3 (0:0)
Стрелци: 90′ Михаела Ивановска – 55′, 63′ Јована Петрушовска, 58′ Ана Димитровска
Главен судија: Боби Величков (Велес)
Табела: