Фудбалската федерација на Сенегал објави дека Патрик Виера е назначен за нов селектор на репрезентацијата.
Виера ќе ја преземе репрезентацијата на Сенегал од Пап Тјао, кој беше отпуштен по Светското првенство оваа година каде што Сенегал беше елиминиран во осминафиналето.
„Овој стратешки избор претставува нов чекор во напорите на Фудбалската федерација на Сенегал да воспостави систем на професионална работа од врвен квалитет, кој е целосно усогласен со спортските амбиции на нашата земја“, се вели во соопштението.
За време на својата кариера, францускиот тренер ги водеше Њујорк Сити, Ница, Кристал Палас, Стразбур и Џеноа.
Инаку, Виера е всушност Сенегалец роден во главниот град Дакар. Имал 8 години кога неговите родители имигрирале во Франција. Уште кога се родил станал француски државјанин оти дедо му имал служено во француската војска. Го носи презимето на мајка му оти родителите му се развеле кога бил многу мал. Презимето му е португалско бидејќи мајка му всушност е од Зелен 'Рт.
Виера има и играно против неговиот Сенегал и тоа на Мундијалот 2002 кога Сенегалците на своето деби приредија шок победувајќи ја Франција со 1:0, тогаш актуелен светски шампион.
Сенегал се надева дека ќе се квалификува за Африканскиот куп на нации 2027 што ќе се одржи во Кенија, Танзанија и Уганда. Во квалификациите е во групата Ј со Етиопија, Мозамбик и Судан.