серија а 2025/2026

Виери: На Димарко му нема рамен во Европа

Поранешниот голгетер го пофали настапот на „Нераѕурите“ против Лацио, фокусирајќи се и на некои индивидуалци.

Кристијан Виери, зборувајќи од студиото на DAZN, ја анализираше синоќешната победа на Интер од 2:0 над Лацио, со која „Нераѕурите“ избија на првото место на табелата од Серија А со 24 бодови, колку што има и Рома.

„Интер беше многу посилен, започна брилијантно. Лаутаро рано постигна гол, Бони го дуплираше водството кон крајот. Претходно велевме колку е важно третиот или четвртиот напаѓач да постигнат гол кога играат. Повредените напаѓачи можат мирно да се опоравуваат. Морам да кажам дека Лацио одигра одличен натпревар, секогаш жив, можеа да израмнат на 1:1. Интер, сепак, е многу посилен, одиграа фантастичен натпревар вечерва.“

Поранешниот напаѓач на Интер не штедеше зборови фалејќи го Федерико Димарко поради неговите одлични нафрлувања. Левиот бек на Интер сезонава на 11 натпревaри во Серија А има 4 асистенции и 2 гола, а севкупно во црно-синиот дрес имa 46 асистенции и 21 гол во сите натпреварувања. Денеска му е роденден, полни 28 години.

„Кој центрира како Димарко во Европа? Никој, според мене. Го кажав тоа пред неколку недели и ми пишаа: 'Еве овој, еве оној...' Не гледам ниту еден играч кој центрира 3-4 пати по натпревар како него. Во последните 20 години никогаш не сум видел лево бек што центрира толку добро како него.

Имаше пофалби и за стратегот Кристијан Киву, кој седна на клупата во јуни, веднаш по завршувањето на минатата сезона.

„Знаете зошто ми се допаѓа Киву? Затоа што не бара изговори. Најдиректниот тренер што некогаш сум го имал? Го имав Липи... Тој секогаш кажуваше што му е на ум, нам играчите, па дури и на прес-конференциите. Еден инцидент поточно? Се скарав по натпревар, тој беше некој со кого можеше да разговараш. Потоа поминав месеци на трибините... Тренер кој ти кажува работи в лице, како што и треба според мене.“

Remote video URL
реклама

Фудбал

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Read more
 

Спорт

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе