Доминацијата на Боде/Глимт во Норвешка заврши, бидејќи новиот шампион е Викинг од Ставангер. Популарните „Меркебло“ (темносини) први ја поминаа целта и стигнаа до својата деветта титула во историјата, но прва по 34 години (последната им беше во 1991 година).
Волеренга им направи голема услуга со победата над Боде/Глимт пред три кола, а токму нив Викинзите од фјордовите ги победија во неделата со 5:1 и го кренаа трофејот. Крајот на натпреварот беше чист излив на емоции и љубов. Сите играчи паднаа на тревата, прскајќи во солзи, а навивачите го окупираа теренот, што е малку невообичаено за резервираните „северњаци“. И не само што го надминаа големиот Боде/Глимт, туку резултатите на поранешниот шампион им помогнаа квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА да ги започнат од плејофот, односно да имаат загарантирано место во лигашката фаза од Лига Европа.
Пред само седум години, во јануари 2018 година, Викинг беше на работ на банкрот додека сè уште беше во втората лига. Сепак, SR-Bank дојде на помош, покривајќи ги долговите, станувајќи спонзор на клубот и преземајќи го стадионот. Сезоната се смени и на крајот од 2018 година Викинг се врати во првата лига.
И тука започна подемот, Купот на Норвешка беше освоен по 18 години без трофеј, против најголемиот ривал Хаугесунд (1:0). Промена имаше и на клупата, бидејќи Бјорн Бернтсен, експертот кој го врати тимот во елитата, го наследија Мортен Јенсен и Бјарте Лунде Арсхеим од 2021 година, во двојно водство на тимот.
По две трети места, титулата пристигна во 2025 година, а страсните навивачи ќе го имаат своето второ искуство во групна фаза на европско натпреварување. Доколку не се квалификуваат за Лигата на шампионите на УЕФА, а имаат само плејоф, ќе играат во Лига Европа. Претгходно имата играно во групите во УЕФА купот во сезоната 2005/2006.
Лидер на тимот е ветеранот, роден во Риека, Златко Трипиќ (32), стрелец на 11 голови и 17 асистенции, а заедно со повеќето играчи од Норвешка, имаат двајца Данци (Петер Кристиансон и Андерс Бертелсен), Исланѓанецот Хилмир Рафн Микаелсон, двајца Австралијанци (Џани Стеснес и Николас Д'Агостино) и еден Новозеланѓанец, Џо Бел.
Оваа сезона го победија Копер (7:0, 5:3) во квалификациите за Конференциската лига пред да бидат елиминирани од Башакшехир (1:3, 1:1). Ги следат стапките на Боде/Глимт, па ќе видиме дали можат да бидат конкурентни следната година, особено на нивната „Лисе Арена“ (16.300).
Клубот во август го прослави својот 126. роденден, бидејќи е формиран во далечната 1899 година.
Seriemester 2025 🏆 pic.twitter.com/X2PeaN1GwY
— Viking Fotball (@vikingfotball) December 1, 2025