ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Витиња: Сакаме да го освоиме Светското првенство за Кристијано Роналдо

Португалскиот репрезентативец Витиња откри дека Кристијано Роналдо продолжува да го инспирира целиот тим пред Светското првенство 2026. Рече дека се надеваат дека ќе го освојат турнирот заедно со нивниот капитен, но и за него, пишува Goal.

Во интервју за ФИФА пред претстојното првенство, Витиња нагласи колку големо влијание има Роналдо во соблекувалната. Иако е близу до крајот на својата кариера и моментално игра за Ал Наср во Саудиска Арабија, Роналдо останува клучна фигура во националниот тим.

Неговото присуство продолжува да ги обликува амбициите на тимот додека се подготвуваат за проширениот турнир во Северна Америка, а Витиња јасно стави дознаење дека играчите се мотивирани од шансата да го освојат единствениот голем меѓународен трофеј што му недостасува на нивниот капитен.

Витиња објасни како лидерството и професионализмот на Роналдо го движат тимот. Иако некои набљудувачи ја доведуваат во прашање неговата улога во почетниот состав, играчот од средниот ред истакнува дека работната етика на познатиот напаѓач останува ненадминлива.

„Роналдо е еден од најголемите играчи во историјата. Исклучително сум горд што ја делам соблекувалната со него, што учам од него и што секој ден сведочам на неговиот професионализам. Се надевам дека ќе можеме да го освоиме Светското првенство со него и за него“, рече Витиња.

„Неговиот пристап кон фудбалот е исклучително професионален и сериозен. Тој ништо не остава на случајноста. Излегува на теренот знаејќи дека е 100% подготвен и дека направил сè што можел за тимот.“

Витиња, исто така, призна дека иако амбицијата на Португалија е да ја освои титулата, патот до финалето нема да биде лесен. Нагласи дека тимот во моментов е фокусиран исклучиво на победа во секој следен натпревар.

На претстојното Светско првенство репрезенатцијата на популарените „Навигатори“ е во групата К со ДР Конго, Узбекистан и Колумбија.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Фудбал

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Read more

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Спорт

  • play_arrow

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Читај повеќе

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Читај повеќе
  • play_arrow

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Читај повеќе

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Читај повеќе
  • play_arrow

Напаѓачот на Ирак 7 часа бил испрашуван на аеродромот во Чикаго

Читај повеќе

Робин ван Перси доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Читај повеќе

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Читај повеќе

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Читај повеќе