Во сообраќајка загина Диогу Жота

Шпанскиот весник Marca објави ужасна вест, дека загинал Диогу Жота, фудбалер на Ливерпул и португалски репрезентативец, кој со години важеше за еден од најдобрите фудбалери во англиската Премиер лига.

Според Marca, 28-годишниот португалски фудбалер загинал во сообраќајна несреќа во покраината Самора во Шпанија.

Несреќата се случила на 65-тиот километар од автопатот А-52, во близина на општината Паласиос де Санабрија.

Фудбалерот на Ливерпул загинал кога неговото возило излетало од патот и се запалило. Бил во автомобилот со својот брат Андре, исто така професионален фудбалер. За жал, двајцата загинале.

28-годишниот крилен напаѓач има повеќе од 120 настапи за Ливерпул откако дојде од Вулверхемптон Вондерерс во 2020 година. Освои бројни трофеи со клубот, вклучувајќи ја и Премиер лигата.

Одигра 49 натпревари за португалската репрезентација и постигна 14 голови. Беше неизоставен член на португалската репрезентација заедно со Кристијано Роналдо.

Покрај Ливерпул, каде што од себе направи големо име во фудбалот, играше и за Вулверхемптон, Порто, Атлетико и неговиот матичен тим Пасуш де Ферејра во Португалија.

реклама

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Фудбал

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Read more

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Read more

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе