Вознемирувачко видео: Во страшна сообраќајка загинаа 7 навивачи на солунски ПАОК

Макфакс/Кајгана
/ 28.01.2026 / 11:53

Страшна сообраќајна несреќа се случи во Романија во која загинаа 7 навивачи на грчкиот клуб ПАОК од Солун.

Група навивачи на ПАОК кои патуваа во Франција на натреварот од последното коло во Лига Европа, против Лион, доживеаја трагична судбина.

Според информациите објавени од романските и грчките медиуми, во несреќата загинаа 7 лица, од кои 5 се грчки државјани.

Навивачите патуваа од Александрија до Франција за да го бодрат својот тим во последното коло од Лига Европа, кое ПАОК го игра против Лион в четврток. За жал, нивното патување беше прекинато на романски автопат во една од најлошите сообраќајни трагедии во последно време.

Несреќата се случила на патот DN6-E70, еден од главните патишта во тој дел од земјата. Мал автобус, кој доаѓал од Грција и одел кон Франција со вкупно 10 патници, се обидел да престигне друго возило.

Враќајќи се во својата лента, возилото удрило во цистерна, по што било фрлено во спротивната лента каде што се судрило со камион.

Во страшната несреќа учествувале вкупно 4 возила – камион, минибус и два патнички автомобили. Трагичниот настан се случил во близина на Темишвар, на околу 80 километри од српската граница.

Покрај седумте загинати, како што објавија грчките медиуми, уште три лица се повредени и итно префрлени во болници. Според властите, состојбата на двајца од повредените е критична, додека третото лице е во болница со сериозни повреди.

Додека го пишувавме тектов пристигна информацијата дека еден од повредените починал во болница од срцев удар, наводно кога докторите му кажале што се случило.

Пред 26 години во слична сообраќајка загинале 6 млади навивачи на ПАОК. На 4 октомври 1999 година, околу 4:30 часот ноќта, во близна на градот Темпи во Грција, младите навивачи на ПАОК се враќале од Атина кога автобусот додека се обидувал да престигне удрил во камион. На лице место загинал и возачот на камионот - вкупно 7 жртви.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Фудбал

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Read more

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Read more

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Read more

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Read more

Спорт

  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе