Ѕамброта во пензија го мачи чуден проблем, ќе мора да се оперира

Легендарниот италијански фудбалер Џанлука Ѕамброта се соочува со неочекуван и необичен проблем кој бара операција, а откри сѐ за време на гостувањето во поткастот „BSMT“.

Ѕамброта (48) остави многу длабока трага во европскиот фудбал, освојувајќи трофеи со гиганти како Милан, Барселона и Јувентус. Токму во „Старата Дама“ остави најголема трага, но неговиот успех во кариерата секако е освојувањето на светската титула со Италија на Мундијалот 2006 во Германија.

Фудбалерот кој запиша 98 настапи за италијанската репрезентација, во текот на кариерата го привлекуваше вниманието поради закривените нозе. Таквите нозе тогаш ги воодушевуваа навивачите, веројатно му ја олеснија фудбалската кариера, но во пензија му носат големи проблеми.

Сега како гостин во поткастот зборуваше за овој негов феномен кој се претвори во проблем и кој ги изненадил дури и лекарите.

„Во текот на мојата кариера поради тоа немав поголеми повреди. Денеска сум лабораториски модел за многу хирурзи и лекарите со изненадување ме прашуваат како проблемот се влошувал со текот на времето, како поради одредена генетика, така и поради фактот што немам внатрешни менискуси“, објасни Ѕамброта.

Одличниот крилен напаѓач продолжи да зборува за својот проблем, откривајќи дека мора да оди на операција и дека ќе му бидат исечени делови од коската.

„Наскоро ќе ги оперирам двете колена. Бев кај три-четворица од најдобрите хирурзи во земјата и не можат да ми објаснат како имам вакви колена и како можам да правам физички активности како падел (вид спорт кој се игра со рекет, сличен на сквош, заб. на прев.)“, вели Ѕамброта, за потоа детално да дообјасни:

„Морам да направам остеотомија. Во основа, тие ќе ми ги исправат нозете со сечење делови од коската горе и долу и ставање плочи за да ме спречат да имам тотална протеза, иако такво нешто ќе морам да вметнам во наредните години“, додаде Ѕамброта.

Ѕамброта ја заврши својата многу успешна кариера во 2014 година во швајцарски Кјасо. Освен за гигантите Милан, Јувентус и Барселона, играше и за Бари и Комо. По завршувањето на играчката кариера кратко време беше тренер.

реклама

Фудбал

Тројца фудбалери на Гостивар и член на струшниот штаб завршиле на распит во полиција

Read more

Анчелоти уште вечерва ќе добие отказ ако киксне во дербито

Read more

Воска гневна на судиите му поклони службена победа на Вардар

Read more

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тројца фудбалери на Гостивар и член на струшниот штаб завршиле на распит во полиција

Читај повеќе

Анчелоти уште вечерва ќе добие отказ ако киксне во дербито

Читај повеќе
  • play_arrow

Воска гневна на судиите му поклони службена победа на Вардар

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ брилираше на стартот од плејофот, пирови 37 поени на Дончиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Читај повеќе

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Читај повеќе

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Читај повеќе

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Читај повеќе