Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Барселона е на еден чекор од нова, 28-ма титула во шпанското првенство во историјата. На три кола до крајот, има седум бода предност пред Реал Мадрид, а два бода се доволни за официјално да ја потврди титулата. Тие можат да станат шампиони уште вечерва доколку Реал не ја победи Мајорка дома.

Сепак, поверојатно е дека ќе ја обезбедат титулата утре кога ќе играат против Еспањол на гости. Иако навивачите на Барселона се пресреќни од доминантната сезона на својот клуб, тимот го очекува непријатно изненадување. Тренерот Ханси Флик, во консултација со остатокот од тренерскиот штаб, одлучи дека Барселона нема да ја слави титулата на теренот по натпреварот против Еспањол, доколку Барса тогаш ја освои титулата, туку што поскоро ќе се повлече во соблекувалната.

Причината е од безбедносна природа - пред две години, Барселона ја обезбеди и титулата на Корнела, стадионот на Еспањол. Потоа, навивачите на нивниот лут ривал втрчаа на теренот и предизвикаа немири. Барселона се плаши од уште едно вакво сценарио и се откажа од каква било парада на ривалскиот стадион.

На денешен ден пред две години, Барселона го освои своето 27-мо шпанско првенство. Потоа, на четири кола до крајот, го доби градското дерби на гостински терен со 4:2, оставајќи го Реал со разлика од 14 бода.

По натпреварот, играчите и тренерскиот штаб славеа на теренот на Еспањол, клуб со кој имаат големо историско соперништво кое е поврзано и со конфликтите по линијата на каталонските сепаратисти и шпанските монархисти.

Телевизискиот пренос ги покажа играчите на Барселона како ги поздравуваат своите навивачи, а во следниот момент почнаа да трчаат кон соблекувалната бидејќи лутите домашни навивачи влетаа на теренот.

Remote video URL
реклама

Фудбал

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Read more
 

Спорт

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе