Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Симоне Инѕаги и Сержиу Консејсаун порано беа пријатели и соиграчи во Лацио, но сега се игнорираат и, според La Gazzetta dello Sport, сето тоа започнало на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Интер и Порто пред две години.

Интер и Милан вечерва се среќаваат во петтото и последно Дерби дела Мадонина сезонава. Ова е реванш од полуфиналето на Копа Италија по ремито 1:1 во првиот натпревар претходно месецов.

Gazzetta ги опишува тренерите на Интер и Милан, Инѕаги и Консејсаун како „поранешни пријатели“ кои ја освоија Копа Италија со Лацио во 2000 година, но се игнорираа еден со друг последниве години.

Според извештајот, нивниот однос колабирал пред две години, кога Интер предводен од Инѕаги го елиминираше Порто на Консејсаун од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Екс-напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, сега во Интер, пропушти голема шанса во последните минути од реваншот, дозволувајќи им на „Нераѕурите“ да се квалификуваат во четвртфиналето.

Консејсаун беше толку бесен што не се ни ракуваше со Инѕаги на теренот по последниот судиски свиреж и оттука почнаа неволјите.

Двата тренера дури и се исмеваа по последното реми 1:1 во Копа Италија.

Инѕаги се пожали на потенцијален фаул над Кристјан Аслани во претходното финале на Суперкупот и евентуален недосуден пенал за прекршок врз Маркус Турам во мечот во Серија А.

„Тој зборува за тоа што треба“, одговори Консејсаун.

„Можеби си мислел дека ќе најде инфериорен тим во однос на стилот на игра, но напротив, најде силна екипа. Тоа е негово мислење и јас го почитувам“.

Двајцата заедно настапуваа во дресот на Лацио каде Инѕаги беше од 1999 до пензионирањето во 2010 година, додека Консејсаун играше за Лацио од 1998 до 2000 година, а потоа кратко и есента 2003. Заедно освоија Скудето во 1999/2000, Копа Италија во 1999/2000 и 2003/2004 и Суперкупот на УЕФА во 1999.

Инѕаги и Консејсаун како играчи во дресот на Лацио

Милан е непоразен на последните 4 средби против градскиот ривал, сите играни сезонава. Во Серија А победи 2:1 и одигра 1:1, победи 3:2 со пресврт во Суперкуп финалето, а одигра 1:1 во првиот полуфинален меч од Копа Италија.

реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Фудбал

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Read more

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Read more

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Читај повеќе

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Читај повеќе

Дејвид Бекам и Гари Невил станаа сопственици на Салфорд Сити

Читај повеќе

Арон Ван-Бисака смени спортски пасош: Ќе игра за ДР Конгo

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота го декласираше Голден Стејт и израмни на 1-1, Грин го нокаутираше Рид

Читај повеќе