ФИБА ЕВРОБАСКЕТ 2025 КИПАР/ФИНСКА/ПОЛСКА/ЛАТВИЈА

Денеска почнува ЕвроБаскетот, кошаркарски фестивал во четири земји

Најголемиот спортски настан оваа година, ЕвроБаскетот, почнува на 27 август и ќе трае до 14 септември, а ќе се игра во четири земји: Латвија, Кипар, Финска и Полска.

Титулата европски шампион ја брани Шпанија, која ја победи Франција во финалето во Берлин во 2022 година и го освои својот четврти златен медал на Европското првенство.

Турнирот повторно ќе ги собере 24-те најдобри европски тимови, поделени во четири групи што ќе се играат во четири различни градови, Рига (Латвија), Лимасол (Кипар), Тампере (Финска) и Катовице (Полска).

Четирите најдобри од секоја група ќе обезбедат место во следната рунда, која подоцна во Рига ќе се бори за највисокото можно место.

Во осминафиналето ќе вкрстуваат групите А и Б, како и Ц и Д, според принципот дека првопласираниот од групата А ќе игра со четвртопласираниот од групата Б, вториот од групата А ќе игра со третиот од групата Б, а третиот од групата А ќе игра со вториот од групата Б, додека четвртиот од групата А ќе се соочи со првиот од групата Б.

Последната фаза, од осминафиналето до големото финале, ќе се игра во Рига, што ја прави Латвија главен домаќин на турнирот.

Меѓу главните фаворити за шампионската титула е репрезентацијата на Србија, која доаѓа со она што многумина го сметаат за нејзин најсилен состав досега, а нивни најголеми конкуренти ќе бидат светските шампиони Германија и олимписките вицешампиони Франција. Не треба да ги заборавиме Шпанија и Литванија, кои доаѓаат на овој турнир со малку послаби состави отколку на претходните турнири, но ова се репрезентации кои никогаш не треба да се отпишуваат.

Грција, предводена од Јанис Адетокунбо, е исто така меѓу главните фаворити за највисок пласман, а Словенците со Лука Дончиќ ќе бидат непријатен ривал за сите противници, но се чини дека им недостасува ширина за поголем резултат.

Европското првенство почнува денеска (27 август), а гледачите низ Европа и светот ќе уживаат во настапите на некои од најдобрите кошаркари на денешницата малку повеќе од две недели.

Преносите за територијата на Македонија ќе одат на каналите на Arena.

Кој ќе го преземе тронот на Европа? Може ли некој да ја собори Шпанија? Одговорите на овие прашања ќе ги дознаеме во недела, 14 септември, кога е закажано големото финале во Рига.

Групи на Евробаскет 2025:

Група А (Рига):

Србија
Латвија
Чешка
Турција
Естонија

Португалија

Група Б (Тампере):

Германија
Литванија
Црна Гора
Финска
Велика Британија
Шведска

Група Ц (Лимасол):

Шпанија
Грција
Италија
Грузија
Босна и Херцеговина
Кипар

Група Д (Катовице):

Франција
Словенија
Полска
Израел
Белгија
Исланд

Распоред на денешните натпревари:

12:30 Велика Британија - Литванија (Arena Premium 2)

13:45 Чешка - Португалија (Arena Premium 5)

15:30 Црна Гора - Германија (Arena Premium 2)

17:00 Латвија - Турција (Arena Premium 1)

19:30 Шведска - Финска (ArenaSport 3)

20:15 Србија - Естонија (Arena Premium 1)

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Сончева бура каква што не е забележана 20 години ја погоди Земјата

Read more

Кошарка

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Read more

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Read more

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Read more

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more
 

Спорт

Шок во Херниг, браќата Кошта ја решија Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракометарите ја победија Романија, но само со еден гол разлика

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе