НБА 2025/2026 ПЛЕЈОФ

Детроит со чудесен пресврт прв пат по 18 години мина плејоф серија

Синоќа Детроит Пистонс го победи Орландо Меџик со 116:94 во седмиот натпревар од првото коло од НБА плејофот и за прв пат по 18 години помина една серија од плејофот.

Кејд Канингем го предводеше Детроит со 32 поена и 12 асистенции, додека Тобиас Харис додаде 30 поени. Паоло Банкеро го предводеше Орландо со 38 поени, но немаше поддршка од остатокот од тимот.

Пистонс направија голем пресврт во серијата откако заостануваа со 3-1, станувајќи 15-ти тим во историјата на НБА што направил таков подвиг. Во наредната рунда ќе играат против Кливленд Кавалирс, кој го елиминираше Торонто Репторс.

Канингем по натпреварот изјави дека тимот го пронашол одговорот во враќањето на својата препознатлива игра.

„Бевме до крајни граници. Тоа нè принуди навистина да размислиме како игравме, што нè доведе до оваа точка и зошто победивме на толку многу натпревари во регуларната сезона. Тоа нè врати во кошарката што знаеме дека сме способни да ја играме“, рече Канингем.

Детроит Пистонс пооследен пат мина рунда во плејофот во сезоната 2007/2008!

Тренерот на Детроит, ЏејБи Бикерстаф, ја нагласи својата доверба во тимот по уште еден камбек, потсетувајќи дека Пистонс исто така надоместија дефицит од 24 поени во шестиот меч во Орландо.

„Тоа е очекувано. Имаме толку многу доверба во оваа група. Ова е посебна група и не можете да нè отпишете.“

Харис постигна 17 поени во втората четвртина, а Детроит го сврти резултатот на 60:49 до полувремето. Домашниот тим потоа го отвори третиот период со серија од 11:2 и отиде на 71:51, што практично го реши прашањето за победникот. Џејлен Дурен, исто така, даде важен придонес со 15 поени и исто толку скокови, негов прв дабл-дабл настап во оваа серија.

Remote video URL

Дека оваа сезона како никогаш досега се очекуваше Детроит да го прекине овој долг пост покажуваше пласманот во регуларниот дел од сезоната каде Пистонс беа убедливи лидери на Истокот со скор од 60 победи и 22 пораза. Орландо, пак, заврши осми со скор 45-37 и преку плејинот се избори за дуел со Пистонс.

реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Кошарка

Јокиќ и Нагетс во нови бои: Денвер претстави ретро-дресови и специјален дизајн на паркетот

Read more

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Read more

Евролигата ја одби понудата од НБА

Read more

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Спорт

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Читај повеќе

Ужасни сцени дома го спречија голманот на Виљареал да игра против Наполи

Читај повеќе

Го одбиваа, сега го молат: Кој е дечкото што го „згази“ Интер? 

Читај повеќе
  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Читај повеќе