НБА 2025/2026

Џо Мазула е тренер на сезоната во НБА: Глупава награда, не ми треба

Тренерот на Бостон Селтикс, Џо Мазула, е прогласен за најдобар тренер во НБА, со што официјално заврши доделувањето на индивидуални награди за сезоната 2025/2026.

Мазула ги предводеше Селтикс до 56 победи и второ место на Истокот и покрај тоа што Џејсон Тејтум го пропушти поголемиот дел од сезоната поради скината Ахилова тетива.

Бостон, сепак, беше елиминиран во првото коло од плејофот, губејќи од Филаделфија 76ерс со 4-3 во серијата.

Мазула, кој за еден месец ќе наполни 38 години, стана најмладиот добитник на наградата од Фил Џонсон во 1975 година.

Во четири сезони на клупата на Бостон, тој има скор од 238-90, најдобар во НБА во тој период, и ги предводеше Селтикс до шампионската титула во 2024 година.

Стана четвртиот тренер во историјата на франшизата што ја освоил наградата за тренер на годината, придружувајќи им се на Бил Фич, Томи Хајнсон и Ред Оербах.

Мазула особено ја нагласи важноста на стручниот штаб.

„За мене тоа значи сè. Многу луѓе не ги гледаат непроспиените ноќи, патувањата, подготовките за натпреварите, видео анализите и целиот труд на помошниците тренери. Потребна е многу работа за да се победи дури и во еден натпревар. Сè започнува од играчите, но огромен дел од заслугата оди на нашиот тренерски штаб“, рече тренерот на Бостон.

Мазула доби 62 од 100 гласови за прво место во гласањето и беше на 96 гласачки ливчиња, повеќе од кој било друг тренер.

Американскиот тренер со италијанско и афроамериканско потекло не беше воодушевен од наградата.

„Не ми треба. Мислам дека е глупава награда. Не треба да постои. Повеќе е до играчите, до работата што тренерскиот штаб ја вложува и тоа е тоа, едноставно е. И не сакам повеќе да ме прашувате за ова“, беше директен Мазула.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ESPN Aus / NZ (@espnausnz)

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Кошарка

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Read more

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Read more

Јокиќ пред супермакс договор од 350 милиони долари

Read more

Јокиќ, ти ли си?

Read more

Спорт

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Читај повеќе

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Читај повеќе

ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар од новата сезона

Читај повеќе

Пронајдено шишето на Пикфорд со белешки за пенали, реакцијата на Меси станува хит

Читај повеќе

Не можеше без политика: Дали ФИФА ќе ги казни Аргентинците за забранетиот транспарент?

Читај повеќе