На почетокот на февруари се случи шокантна размена во која Лука Дончиќ беше испратен од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс, а во ексклузивно интервју за ESPN, Словенецот откри што се случило таа вечер кога преку медиумите дознал дека има нов клуб.
Дончиќ за прв пат по размената проговори за деталите како дознал дека повеќе не е кошаркар на Далас и која била неговата прва реакција.
„Бев во кревет, ќе спијам кога дознав за размената. Три пати помислив дека е 1 април. Најмногу почувствував тага, бев во шок. Искрено, срцето ми се скрши“, откри Дончиќ во емисијата на Малик Ендрјус.
Бизнис менаџерката на Дончиќ, Лара Бет Сигер, го донела мобилниот телефон во просторијата каде што било спроведено интервјуто.
„Дозволете ми да ви покажам сувенир од таа вечер“, рече таа.
Дончиќ тогаш рекол дека токму тој мобилен телефон го треснал од ѕид и од бес го скршил откако дознал за размената.
„Сè уште работи, сè уште го користам“, рече Дончиќ покажувајќи го мобилниот телефон чие куќиште беше видливо скршено.
Luka Doncic tells @malika_andrews about throwing his phone and breaking it when he found out he got traded to the Lakers 😳
— ESPN (@espn) April 18, 2025
"My heart was broken honestly." 💔 pic.twitter.com/rfsIGlOaBC
Дончиќ нагласи и дека сака да ја помине целата своја кариера во Далас и дека сè уште ги сака навивачите на тој клуб, а на прашањето што генералниот директор на Далас, Нико Харисон, кој го испрати во Лејкерс, кажал некои не толку убави работи за него, немал коментар, но потврдил дека не разговарал со него од размената.
„Тажно е како зборува и сега. Никогаш не сум кажал ништо лошо за него“, изјави Дончиќ.