НБА 2024/2025

Дончиќ за прв пат заигра во дресот на Лејкерс во Далас и доби невидено добредојде

Лука Дончиќ ноќеска за прв пат заигра во дресот на Лос Анџелес Лејкерс во Далас, а пречекот и збогувањето што ги доби од салата ќе влезе во историјата на НБА.

Дончиќ изненадувачки беше трејдуван од Далас во Лејкерс пред два месеца, а навивачите на Маверикс го обвинија генералниот менаџер Нико Харисон за тој неразбирлив и штетен потег за клубот.

Дека сѐ уште мислат дека Дончиќ нема врска со тоа, покажаа и синоќа кога го пречекаа Лука како ниеден поранешен играч на нивниот клуб.

Сите навивачи во салата носеа маици со натпис на словенечки „Лука, фала за сѐ“ (Hvala za vse, Luka), а повеќето од нив донесоа и пароли за благодарност до Дончиќ.

Пред официјалното претставување на играчите, на големиот видео ѕид во салата беше прикажано триминутно видео во кое му се заблагодарува на Дончиќ за сѐ што направи за Маверикс во претходните седум години, а Лука не можеше да ги сокрие солзите додека ги слушаше овациите од трибините.

На официјалното претставување навивачите на Далас со громогласен аплауз го поздравија Дончиќ, дури погласен од нивните играчи, а потоа брилијантниот Словенец покажа магија на теренот.

Дончиќ брилјираше на теренот и мечот го заврши со дури 45 поени, 8 скокови и 6 асистенции.

Кај Лејкерс, Леброн Џејмс додаде 27 поени и 7 скокови, додека на другата страна Наџи Маршал постигна 23 поени и 8 асистенции.

Remote video URL

На минута и пол пред крајот на натпреварот тренерот на Лејкерс, ЏејЏеј Редик, го извади Дончиќ од игра, а потоа сите гледачи станаа и ѝ аплаудираа на својата поранешна суперѕвезда.

Remote video URL

Лејкерс со оваа победа обезбедија пласман во плејофот.

реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Кошарка

Расел Вестбрук замина во пензија

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Read more

Шек ја објасни опсесијата на Леброн: Сака рекорд што никој нема да го сруши

Read more

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Читај повеќе

Работнички објави 10 засилувања за новата сезона

Читај повеќе

По 11 години вегетирање почина боксерот што во контроверзен меч претрпе сериозни повреди на главата

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Вестбрук замина во пензија

Читај повеќе

Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕУРО 2034

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретко видена скромност: Најдобриот играч на Светското лета со Ryanair наместо со приватен авион

Читај повеќе

Крај на чудесната ера на Лестер: Стигнаа до врвот, потонаа и сега се на продажба

Читај повеќе

Уште еден сојузник му врти грб на Инфантино

Читај повеќе

Шокантни детали од судењето: Марадона умирал во агонија

Читај повеќе