Евролигата, попладнево кажа „не“ на обидот на НБА да го преземе натпреварувањето.
Точниот износ на сумата што НБА организацијата им ја понуди на акционерите на елитното европско натпреварување не е откриен, но она што е јасно е дека не е доволен дури ни двете страни да седнат на преговарачка маса.
Претставниците на 13 клубови косопственици на Евролигата се изјаснија против понудата на НБА: Хосе Анхел Санчес (Реал Мадрид), Жоан Лапорта (Барселона), Лео Дел’Орко (Олимпија), Шимон Мизрахи (Макаби), Тунџај Озилхан (Ефес), Андреј Ватутин (ЦСКА Москва), Херберт Хајнер (Баерн), Хосе Антонио Керехета (Басконија), Тони Паркер (АСВЕЛ), Паулиус Мотијеунас (Жалгирис), Дерја Jаниер (Фенербахче).
Иако ова прашање не беше на дневен ред, претставници на 13 организации разговараа на оваа тема, бидејќи одговорот до НБА лигата требаше да биде доставен до крајот на денот.
Тој одговор беше категорично „не“, бидејќи со сегашниот систем на работа, Евролигата постојано расте и не ѝ е потребна „надворешна помош“.
Ниту понудата што дојде од другата страна на океанот не беше таква што беше потребно дури и да се разгледа.
Таа беше дури и далеку под вредноста што, според проценката на акционерите, ја има моментално најдоброто европско натпреварување.
Поточно, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја нарече понудата „смешна“, додека претставникот на Басконија, Керехета, оцени дека е „навредлива“.
Евролигата на тој начин го продолжува својот живот без влијание на „странски фактор“.