Феноменалниот Французин Виктор Вембанјама ги предводеше Сан Антонио Спарс до победа од 115:108 на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс.
Вембанјама постигна 39 поени и 15 скокови и беше веројатно најдобриот поединец во својот тим во победата на гостински терен и водството од 2-1 во серијата.
По него следеше Де'Арон Фокс со 17 поени, 5 асистенции и 3 скока, додека Стефон Касл и Дебин Васел додадоа по 13, а Келдон Џонсон го заврши натпреварот со 11 поени и 2 скока. Касл додаде 12 асистенции и 4 скока, а Васел 6 скока и 3 асистенции.
Најдобар за Тимбервулвс беше Ентони Едвардс со 32 поена, 14 скокови и 6 асистенции, додека Наз Рид додаде 18 со 9 скока и 5 асистенции. Џејден МекДениелс го заврши натпреварот со 17 поени, 7 скока и 2 асистенции, а Руди Гобер додаде 13 поени со исто така 7 скока и 2 асистенции, додека Џулиус Рендл додаде 12 поени со 6 скока. Ајо Досунму исто така имаше двоцифрен број на поени - 11, како и 7 скока и 5 асистенции.
Во другиот меч ноќеска, Њујорк Никс победи на гости против Филаделфија 76ерс со 108:94, поведувајќи со 3-0 во серијата и сега само уште една победа го дели од пласман во конференциското финале.
Џејлен Брансон ги предводеше до победата со 33 поени, 9 асистенции и 5 скока, додека Кели Убре беше најдобар за Филаделфија со 22 поена и 8 скока.
Вечерва од 21 часот играат Кливленд Кавалирс и Детроит Пистонс во серијата во која Пистонс имаат 2-0.