Голем интерес за НБА Европа, ќе бидат основани нови клубови

Генералниот менаџер на НБА Европа за Блискиот Исток, Јоргос Аваизоглу, навести кои тимови би можеле да се приклучат на проектот, кој се очекува наскоро да заживее и да биде легитимен конкурент на Евролигата.

Грчкиот функционер разговараше со „Њујорк тајмс“, споменувајќи ги веќе етаблираните кошаркарски клубови, но и фудбалските клубови кои се заинтересирани за формирање кошаркарски секции, како и сосема нови тимови.

„Постојните кошаркарски тимови на континентот се многу заинтересирани за учество и, во многу случаи, тие тимови се дел од мултиспортски организации. Средбите со Реал Мадрид и Галатасарај одговараат на тие критериуми.

Ова е одлична можност за нив да добијат разновидност и да изградат мултиспортска понуда, што е многу честа појава во некои европски земји, како Шпанија, Грција или Турција, а помалку честа во други, како Велика Британија. Но, мислам дека меѓу нив постои вистинска желба да бидат дел од ова“, рече Аваизоглу и додаде.

„Она што е навистина интересно е што тие клубови имаат децениска, а дури и вековна традиција, па затоа се силни брендови. Тие брендови во многу случаи се глобални и имаат фанови низ целиот свет. Од практична страна, тие се водени од луѓе кои знаат како да ги полнат арените и да изградат високо-перформансни тимови. Покрај базата на фанови што веќе ја имаат, тоа е огромна вредност што можат да ја донесат во лигата од самиот почеток.“

Се очекува новата лига да започне во 2027 или 2028 година, како што потврди комесарот на НБА, Адам Силвер. Аваизоглу истакна дека тимови од Париз, Лондон, Манчестер, Берлин и Рим би можеле да бидат дел од натпреварувањето.

„Можеме да видиме и сценарио каде што во некои градови се создаваат сосема нови брендови како дел од оваа лига, но мислам дека повеќето од учесниците ќе бидат од категоријата на веќе постоечки тимови“, рече тој, осврнувајќи се на претходните примери.

Домашните натпреварувања би можеле да бидат поврзани и со нова лига, слично на системот што моментално го спроведува УЕФА во фудбалот.

Тагови
реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Кошарка

Жестока казна: Клиперс загубија 5 пика и 30 милиони евра

Read more

ФИБА ги укина ограничувањата за руските и белоруските кошаркари, тренери и судии

Read more

Димитријевиќ: Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство

Read more

Дончиќ како туристички водич: Играчите на Лејкерс ќе ја посетат Словенија

Read more

Спорт

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Читај повеќе

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Читај повеќе

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Читај повеќе

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе