НБА 2025/2026

Јокиќ го уништи Сакраменто и продолжи со походот по четвртата МВП титула

Неверојатниот српски кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден феноменален настап во дресот на Денвер Нагетс, кој утрово го однесе до победа над Сакраменто Кингс.

Денвер играше на гости кај Кингс во „Голден 1 Сентр“ и успеа да ги победи без поголеми проблеми со 122:108, а Јокиќ беше убедливото прво име на натпреварот.

Јокиќ повторно беше нерешлива енигма за противничката одбрана и постигна 35 поени, запиша 15 скокови и подели 7 асистенции, а запиша и 2 украдени топки.

Стави крај на овој натпревар со одлична тројка на минута до крајот, кога ја погоди за +10. Потоа Денвер поведе со 116:106 и тоа беше крај на надежите за пресврт на Сакраменто.

Џамал ​​Мареј беше одличен за Денвер со 23 поени и 8 асистенции. Домантас Сабонис се истакна за Кингс со 19 поени и 8 скокови, а Демар ДеРозан постигна 16 поени.

По 14 поени додадоа Дру Јубенкс и Расел Вестбрук, кој исто така имаше и 8 скокови и 9 асистенции.

Со одлична игра, Јокиќ го продолжи својот поход кон освојување на четвртата МВП титула во кариерата, за која моментално се бори со Шеј Гилџс-Александер и Јанис Адетокунбо.

Remote video URL

Резултати:

Бруклин Нетс - Торонто Репторс 109:119
Њујорк Никс - Мемфис Гризлис 133:120
Оклахома Сити Тандер - Голден Стејт Вориорс 126:102
Филаделфија 76ерс - Бостон Селтикс 102:100
Јута Џез - Индијана Пејсерс 152:128
Сакраменто Кингс - Денвер Нагетс 108:122

Табела:

реклама

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

7 декември 1941, Јапонија го извршила злогласниот напад на Перл Харбор

Read more

Кошарка

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Read more

Минесота го победи Њу Орлеанс во меч со 291 поен, рекорд сезонава

Read more

Јокиќ е најдобар во една работа во последниот половина век во НБА

Read more

Лука Дончиќ игра како никогаш досега во животот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе